Post Views: 0
Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.
“Од учебната 2013-2014 година ќе се полагаат само четири екстерни предмети од државната матура. На овој чекор се одлучивме целиот систем да има доволно време за неопходни подготовки“, рече Кралев.
Според министерот, идејата за ова е услогласување на заложбите од аспект на стекнување на знаења од одреден...
Post Views: 0
Посебна вечер за паметење во Охрид, најавува светски реномираниот џез музичар Владимир Четкар. Тој вечерва пред охриѓани и сите останати гости ќе го претстави својот најнов албум. Се исполни мојата долгогодишната желба да настапам во своето родно место, надвор од градот, гужвата, во прекрасната населба Св Стефан, на место кое претставува микс на убавини, уникатна сцена, покрај базенската тераса на хотелот Филип, со поглед кон езерото, вели Четкар.
„Овој пат интересно е бидејќи е баш пред заминувањето на Нишвил Џез фестивал, кој ќе имам чест годинава да го отворам заедно...
Post Views: 3
„Домашниот есап не излегува на пазар“. Денешната 19-та по ред седница на струшкиот Совет се одвиваше во насока како во старата добра поговорка. Песимистичките предвидувања на дел од советниците, дека буџетот на општина Струга за 2010 е преамбициозен, сега излегуваат на видело, со прикажување на реалната состојба на кварталниот извештај. Љуљзиме Зулали од ДПА рече дека од авион се препознавААТ надуените цифри на буџетот. Таа рече дека сега имаме состојба на повеќе потрошен, отколку развиен буџет.
Со слично размислување, настапи и Стретен Бандоски од ЛДП. Тој кажа реализацијата...
Post Views: 0
На патот по кој ќе чекорите во иднина одите исправено, достоинствено и гордо, да газите решително, но никогаш да не го занемарите знакот за ограничена брзина на патот, да не ја занемарите насмевката на новата другарка од судентскиот дом, да “држите” до тоа кои сте и да трагате по најдоброто во вас. Ова порака до гимназијалците од ОСУ „Св Климент Охридски“ ја испрати градоначалникот Никола Бакрачески на синоќешното доделување на дипломите од генерација 2014-2015.
„Драги мои. Моментите кои сега вие ги живеете, одлуките кои вие сега ги донесувате, љубовта покрај која...
Post Views: 11
На 25-12-2021 година во СВР Охрид, приведен е М.Ч. (55) од Охрид кој претходно, е затекнат при кражба во црквата мал „Св.Климент” во Охрид.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Комплексот Плаошник денес го посети премиерот Никола Груески. Во обиколката на 6-те објектите беше запознает со фазите на градежните работи на сите објекти пооделно. Премиерот при посетата на Плаошник посебно интерес покажал за градежните работи кои се одвиваат на Св Климентовиот универзитет. Во обиколката го придружуваше директорката на Завод и музеј , Тања Паскали Бунташеска.
Таа при тоа кажа дека се испочитувани сите претходни забелешки на Унеско.
„ Проектот се преработи може да се видат проектите и да се споредат со претходните. Се почитуваа препораките...
Post Views: 3
Градоначалникот Гергиески упати благодарност до премиерот Заев за поддршката во целокупниот процес и за тоа што и покрај преполната агенда во рамки на значајниот меѓународен форум кој деновиве се одржува во Охрид, издвои време, лично да ги види резултатите од досегашните активности на крајбрежјето, кои се во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
– Точно пред еден месец, на први јуни на истата оваа локација одржав прес конференција на која ја информирав јавноста за реализираните...
Post Views: 1
Врвниот македонски пијанист и композитор Дуке Бојаџиев, утревечер гостува по втор пат на Охридско лето. По четири години на антички театар Дуке Бојаџиев ќе настапи со различна екипа составена од квинтет и стрин квартет. Покрај Бојаџиев ќе настапат и неговите специјални гости, Мартин Ѓаконоски Шпато, контрабасист кој работи и живее во Германија, перкусионистот од Грција Костас Анастасијадис, македонскиот виртуз на клавир кој живее во САД, Исмаил Романовски, вокалот Тања Царовска и стрин квартетот на Владимир Крстев. Концертот ќе го отвори охриѓанката Мартина Блажевска,...
Post Views: 0
Охриѓани и гостите можат да вкусат и купат квалитетен планински,охридски мед. На пет штанда пчеларите од околината на Охрид ги изложија медот и производите од мед. Презентацијата на медот предизвика интерес кај посетителите кои сакаа да вкусат и да купат мед.
Организатор на Деновите на медот е Здружението на пчелари од Охрид. Тоа брои околу 40 активни пчелари, кои се бават со пчеларење, напоменува претседателот на „Задружението на пчелари Охрид“, Тони Јосифоски. За жал има случаи кога помладите се приклучуваат кон пчеларењето , но брзо се откажуваат додава Јосифоски....
Post Views: 8
Авионот на AirAsia кој во неделата се сруши во Јаванското море во Индонезија со 162 патници и членови на екипажот немал одобрение за лет на коридорот на кој летал пилотот тој ден, објавило министерството за сообраќај на Индонезија.
“Не е почитувано одобрението за лет во дадениот термин и тоа било проблем”, рекол директорот за воздушен сообраќај Djoko Murjatmodjo, нешто пред објавувањето на информацијата за пронаоѓањето на два големи делови од авионот на AirAsia во зоната на пребарување. “Привремено поништеното одобрение за тој коридор компанијата не го почитувала...
Post Views: 8
И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот.
Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите имаат изречено...
Post Views: 2
Охрид се гради, разубавува, се инвестира во сите области на опшествениот живот и му се враќа некогашниот сјај на градот, истакна градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Денес во присуство на претседателот на Владата на РМ, Никола Груески, свечено во употреба беше пуштен во употреба новиот кружен тек кој ги поврзува двете главни артерии бул. „Туристичка“ и ул. „Бистрица“.
„Со него се става крај на сообраќајниот метеж и на бројните сообраќајни незгоди со многу жртви кои ги имавме во изминатите години токму на ова место. Ризичната раскрсница за сообраќај ја уредивме...