И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено

Урбана опрема поставена таму кај што не треба и ова лето може да се забележи во градов. Од Локалната велат дека инспекторите прават напори да стават ред, но дивите продавачи одново и одново изнаоѓаат начини на нелегален начин да заработат некој денар.

 |  Јаковлева Лионела  | 

И ова лето пченки, американски крофни, пуканки и скара се продаваат на отворено. Иако во овогодинешната програма за поставување на урбана опрема не се предвидени локации за продажба на овие производи,сликата на терен е сосема поинаква. Не само што се продава храна на отворено туку пченки, американски крофни, пуканки можат да се купат во самиот центар на градот.


Морам да признам дека има одредени прекршувања на одлуката за поставување на урбана опрема, но инспекциските служби постојано се на терен. Досега имаат направено стотина контроли и против прекршителите имаат изречено содветни санкции, вели Томе Џамтоски портпаролот на Локалната самоуправа.

Џамтоски објаснува дека на терен се ангажирани сите инспектори од Општинскиот инспекторат. Поради зголемениот обем на работа тие се распоредени во три смени. Но, додава дека неможат да се справат со сите неправилности до крај бидејќи лицата кои нелегално поставуваат урбана опрема изнаоѓаат најразлични начини да го избегнат законот. Џамтоски кажа дека проблем преставуваат и дивопоставените тезги за време на големите верски празници. Посебно го истакна примерот со христијанскиот празник Св. Климент кој е на 9ти август кога улицата Кузман Капидан која води до Св. Климентовата црква на Плаошник е буквално блокирана од двете страни со тезги. Портпаролот кажува дека имаат реакции од мештаните кои живеат во овај дел на градот дека во очи на празникот и на самиот празник не можат да се движат по улицата со автомобили бидејќи таа е запоседната од тезгаџиите.

Ги замолуваме граѓаните уште оваа година да бидат трпеливи и поради метежот кој се создава на оваа улица за време на празникот. Ветуваме дека од наредната година таа ќе добие сосема поинаков лик и ќе се најде соодветно решение за тезгите , вели Џамтоски.

Портпаролот на Локалната вели дека во новата годишна програма која ќе се носи за наредната година ќе влезе и уредувањето на оваа улица. Но дотогаш останува впечатокот дека Охрид налето добива панаѓурскиот изглед, а инспекциските служби се немоќни да се справат со појавата на инстант тезгите и дивите продавачи и покрај многубројните ветувања дека ќе се стави крај на тоа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top