Post Views: 0
За спас на МЈП Проаква директорот Томе Паскалоски пред градскиот совет најавил две фази кои ќе следуваат во престојниот период. Според советникот од ЛДП, Дејан Блажески еден предлог е раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, а втор е зголемување на цената на водата за 20 проценти. Како советник од ЛДП Блажески напоменува дека се согласува со двата предлози за спас на 400 вработени во Проаква.
„ Директорот извести дека дал предлог до Управниот одбор , не знам како поминала точката. Но ние како советници не ја видоме на дневен ред. Важна е судбината...
Post Views: 4
Започна реализацијата на Проектот „Виртуелна реконструкција и изработка на макета на гробницата од македонски тип во Охрид“.
Станува збор за проектод Годишната програма на Министерството за култура за 2021 година.
Н.У. Завод и Музеј – Охрид во соработка со Регионалниот зелен центар Охрид изработува виртуелен 3Д модел на оваа уникатна градба која ќе стане достапна за пошироката јавност преку интернет платформите, а 3Д макетата од гробницата ќе биде изложена во Музејот Куќа на Робевци.
Post Views: 0
Во водите на Охридското езеро на локалитетот Вирче беа пуштени 300.000 парчина пастрмка. За оваа намена министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издвоило средства во висина од 7, 5 милиони денари. На порубувањето присуствуваше и ресорниот министер Михаил Цветков кој при тоа кажа дека мерки за пооглема заштита на рибниот фонд се потребни и од албанската страна.
„ Албанската страна презема активности но се доста зад нас. Немаат уредено управување со рибниот фонд во Охридското езеро. Имав средба со албанскиот министер и се договоривме да отпочнат...
Post Views: 6
Пристигна мебел во станот на семејството Јанкулоски, кое пред 20 сетина дена загуби се што имаше во пожар. Штетата од пожарот беше голема, и на семејството ќе треба да му помогнат институциите, бизнис заедницата и граѓаните, истакна Екрем Каљоши директорот на ЦСР од Охрид. Додаде дека со нивно посредство во рамки на проектот „Топол дом“ успеале да ја завршат денешната активност и малку да им ги подобрат елементарните услови за живот.
„Согледувајќи ја потребата на ова семејство за одредени потреби за домаќинство, хумани граѓани се пријавија да донираат мебел. И денеска...
Post Views: 5
Спрема предвидувањата на некои аналитичари од USB, во последниот минатогодишен квартал најмногу паметни телефони на Apple се продадени во Кина, а благодарение на големата побарувачка по новите модели на iPhone, Apple го зголеми уделот на мобилниот пазар и се верува дека последните три месеци тие продале околу 70 милиони телефони.
Тројца мажи од Пекинг одлучиле да ја искористат големата побарувачка по телефоните на Apple и на памет им паднала интересна идеја – одлучиле да ископаат тунел до еден склад во кој биле сместени мобилните уреди на Apple и да ги украдат. Еден...
Post Views: 7
Едно лице го загуби животот а друго има тешки телесни повреди по сообраќајната незгода што вчера во 15 часот се случи на регионалниот пат Охрид-Св.Наум кај туристичката насебата Лагадин.
По сообраќајната несреќа, од здобиените повреди, синоќа во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид почина Тони Т. (20) од Охрид додека Б.С. (17) од Охрид, се здоби со тешки телесни повреди и е префрлен во Клиничкиот центар во Скопје.
Во тешката сообраќајна незгода учествувале моторцикл марка „Хонда“ и патничко моторно возило марка „Форд Мондео“, двете со охридски регистарски ознаки.
Незгодата...
Post Views: 9
По втор пат сите охриѓани кои сакаат да се информираат за субвенцијата за купување на стан или куќа, ќе можат да го направат тоа во рамки на караванот на проектот „Купи куќа, купи стан“, што стартува денеска од Штип.
-Овој караван има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Охрид, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово, информираа надлежните за проектот.
Според концептот,...
Post Views: 5
За 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.
Меѓу нив се 17 -те полицајци, раководители на увидна екипа и крим техничари кои, според МВР, правеле лажни извештаи за наводни сообраќајки за исплата на оштета од осигурителни компании. На останатите во акцијата„Бришач“ им е одреден домашен притвор. Испрашувањата, пред истражните судии траеше до 4 часот утрината.
Во акцијата „Бришач“, полицијата соопшти дека има докази за 13 лажни сообраќајки за кои од осигурителните компании биле исплатени 2 милиони денари. Токму осигурителните...
Post Views: 2
Откако вчера беше објавена веста за десетгодишната Јована која боледува од малиген карцином на раката, директорот на ФЗОМ Сашо Стефаноски се огласи дека фондот ќе покрие леувањето а интервенцијата е на 22 септември во клиниката Есен во Германија. Но сепак на семејството им е потребно помош за авио билети, сместување и болнички трошоци за еден родител во клиниката кои изнесуваат 400 евра дневно.
Јована Тасеска од Охрид има 10 години. Нејзиното среќно детство го нарушува подмолна болест.
Таа има малиген израсток на раката, кој по неуспешнaта операција во Скопје повторно...
Post Views: 2
По повод одбележувањето на денот на ослободувањето на Струга, во организација на клубот на жени на СДСМ од овој град, утре ќе се одржи саемот за храна. Струшките социјал демократки ќе имаат можност да ги покажат своите кулинарски вештини во подготвување на разни видови храна, како би помогнале на лицата кои имаат потреба од хуманост. Координаторот на жените, Николина Велкоска очекува голем одзив.
Велкоска најави уште три акции од хуманитарен карактер за месец декември, како во целост би се исполнила нивната годинешна програма. Таа вели, дека еднократната помош е недоволна,...
Post Views: 4
Љубовта кон здравата исхрана и органската храна судбински ја довела во Охрид. Тијана Хорн е туристка од Холандија која се вљубила во Охрид, но не од причините кои најчесто би ги помислиле.
Таа во Охрид гледа можности за развој на производството на органска храна, нешто што според неа, би ги навело холанѓаните уште повеќе и во поголем број да доаѓаат во нашиот град. За Охрид дознала преку пријател од Македонија кој го запознала токму во Холандија волонтирајќи во нејзината семејна компанија за трговија со макробиотска и органска храна. Пред две години, за прв пат го посетила...
Post Views: 0
Во летниот период бројот на повредени и починати лица во сообраќајни незгоди е двојно зголемен во однос на останатите периоди од годината. 17 лица го загубиле животот минатото лето во јули, а 9 во август во сообраќајна незгода. Затоа РСБСП и МВР организираат кампања под мотото „Вози одморен“. Претседателката на РСБСП од Охрид порача дека во ниту еден момент возачите не смеат да го занемарат заморот проследен со високи температури, бидејќи неретко сообраќајните незгоди предизвикани од замор се со фатални последици.
-Апелирам јас лично и советот да внимаваат на заморот...