Како ќе се спасува МЈП Проаква ?

Како ќе се спасува  МЈП Проаква?

 |  Валентина Неловска  | 
proakva

proakvaЗа спас на МЈП Проаква директорот Томе Паскалоски пред градскиот совет  најавил две фази кои ќе следуваат во престојниот период. Според советникот од ЛДП, Дејан Блажески еден предлог е раздвојување на охридското и струшкото јавно претпријатие, а втор е зголемување на цената на водата за 20 проценти.  Како советник од ЛДП Блажески напоменува дека се согласува со двата предлози за спас на 400 вработени во Проаква.

„ Директорот извести дека дал предлог до Управниот одбор , не знам како поминала точката. Но ние како советници не ја видоме на дневен ред. Важна е судбината на луѓето кои се вработени во Проква, да се разгледаат сите опции па дури и да се непопуларни мерки како што е зголемување на цената на водата“, дециден е Блажески.  

proakvaБлажески напоменува дека ова е негов личен став, но како совеничка група во  советот ќе заземат став на координација. ТВМ се обиде да добие подетални информации околу можното зголемување на цената на водата, аргументите и предлозите за спас на Проаква од  директорот на јавното претпријатие, но Паскалоски не одговараше на телефонските повици. Се обративме и до Локалната самоуправа, но и од таму молк.
Охриѓани за вода во моментов плаќаат цена од 38 денари за м кубен доколку се приклучени на колектор, а без приклучок издвојуваат 27, 3 денари за м кубен.

Инаку, на последната седница на совет грдските избраници едногласно дале зелено светло за повлекување на согласност  за договорот за концесијата на МЈП Проква со  шпанската Аквалија, вели Дејан Блажески од ЛДП.  Договорот кој во јавноста се слушаше дека е штетен не е потпишан. Правен тим и експерти ја испитуваат наводната  сомнителност на договорот. Но, тој не е потпишан па општина Охрид нема да сноси никакви последици и пенали  како што се шпекулираше во јавноста“, кажа за ТВМ Дејан Блажески советник од ЛДП.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top