Post Views: 1
Оваа сезона 2020/2021 имаме 92,5% помалку заболени од сезонски грип во однос на претходната година, информираат од Министерството за здравство.
Годинава, вкупната бројка на заболени изнесува 539. Мерките за заштита од КОВИД-19 придонесоа за намалување и на бројот на заболени од сезонски грип. Со вакцина против сезонски грип вакцинирани се 39.488 лица, таа е најефикасната заштита од ова заболување.
Post Views: 0
Лицата кои патат од губење на памтењето, помош би можеле да најдат во имплант за мозокот кој го развива една американска агенција. Но, за која цена?
Американските научници во февруари соопштиле дека работат на усовршување на имлантот за мозокот кој ќе помогне да им се врати помнењето на лицата кои боледуваат од Алцхајмеровата болест.
Иако точни детали околу ова откритие ќе се знаат за неколку месеци, во јавноста се расправа за етичката прифатливост на таков имплант. Противниците на оваа пракса велат дека имплантот би можел да влијае на идентитетот на лицето во кој е...
Post Views: 2
Пациентите со малигни заболувања од утре нема да плаќаат за дополнително или приватно лекување во јавните здравствени установи.
Oваа одлука пред десетина дена ја донесе Владата на предлог на Министерството за здравство, и според неа, од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност. Сите малигни заболувања од кој било тип нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно.
Министерот за здравство Бујар Османи по донесувањето на одлуката изјави дека пациентите се ослободени 100 отсто...
Post Views: 10
Преку туристичка берза се презентираат пропагандни материјали од капацитети со кои располага земјава, но и соседните држави.
Освен балканските, и европските земји се повеќе се заинтересирани да го посетат Охридско-струшкиот регионЗа да се привлечат повеќе гости и да се остварат нови бизнис контакти со земјите од Балканот, во Струга по трета година се организира туристичка берза (Work Shop) „Tour Ex Yu 2008“.Средбите се со цел купопродажба на аражмани, на сличен начин како оние берзи кои се организираат во големите европски туристички центри. Очекувањата на иницијаторот...
Post Views: 6
Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е даден линк до статија на „Ројтерс“. Авторот на постот вели:
Ројтерс тврди дека 60 проценти од хоспитализираните биле пелцовани со две дози. Нели штитеше од хоспитализација и тешки форми на болеста?
Текстот на „Ројтерс“, се однесува на состојбата во Велика Британија и во него, наспроти изнесеното во постот, се тврди дека 60 проценти од лицата во Британија кои се хоспитализирани се невакцинирани. Ваквата исправка на своето тврдење ја дал советникот за наука на Велика Британија, Патрик Валанс, откако претходно учествувал на прес-конференција...
Post Views: 2
Во текот на изминатото деноноќие (15/16.02.2021 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 328 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.
Post Views: 4
Познато е дека поради поленот, многу луѓе, со почетокот на пролетта, немаат мир од кивање, црвенило, алергии. Меѓутоа постојат многу повеќе причинители на алергијата, а за некои од нив никогаш не би претпоставиле дека би можеле да ви наштетат.
Овошје
Освен поленот, тревата, дрвата и коровот, алергија може да се појави и од овошјето. Кога нивото на полен во воздухот е големо, алергените од коровот или дрвата можат накрсно да реагираат со овошјето. Телото поради тоа може да го замени протеинот од овошјето со полен што е причина за алергиска реакција. Затоа се јавува чувство...
Post Views: 4
Во пожар што избувнал рано изутрината во 4 часот и 30 минути до темел изгоре стариот палат на манастирот „Св. Јован Бигорски“.
Целосно се опожарени конаците, трпезаријата и библиотеката. Нема повредени.
Монасите успеале да ги спасат од огнената стихија поважните предмети кои биле во опожарените објекти. Во манастирот се испратени пет противпожарни возила од Гостивар, Кичево и Дебар и еден хеликоптер. Пожарот е локализиран. Засега нема сознанија за причината за настанувањето на пожарот. Манастирскиот комплекс Св. Јован Бигорски посветен на Св. Јован Крстител, се наоѓа...
Post Views: 2
Повеќе од 80% од новогодишните аранзмани за Охрид се распродадени на гости од србија. Туризмот не познава граници-смета уредникот на туристичката редакција „Призма“.
Македонија станува се по привлечна дестинација за посета од страна на странските туристи. Стручните лица од соседните земји отценуцваат дека Македонија напреднува во оваа област, бидејќи има што да им понуди на туристите. Туристичките работници од соседните земји сугестираа дека конкретно Струга треба уште да работи за да напредува во туризмот.Туристичките работници од Стрбија сметаат дека во Струга неопходно...
Post Views: 2
Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска го забележале силниот земјотрес со епицентар на околу 13 километри југоисточно од Шибеник. Јачината на земјотресот била 4,7 по Рихтер, а интензитетот во епицентарот е од 6-ти степен по ЕМС скалата, пренесува ХРТ.
Епицентарот бил на длабочина од два километри.
Засега има само една дојава за материјална штета – оштетен автомобил во местото Врпоље кај Шибеник, врз кој паднало парче карпа. Никој не е повреден.
Жителите на Шибеник по потресот излегле од своите куќи на улиците, но повеќето брзо се вратиле во домови...
Post Views: 1
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.
Во целосен прекин е сообраќајот на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а на неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила.
Авто мото сојузот на Македонија утринава информира дека на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, на крак Маврово – Дебар има забрана за сообраќај само за...
Post Views: 1
Најголема отпорност на антибиотици покажуваат бактериите кои предизвикуваат дијареа, пневмонија и гонореја.
Многу заразни болести кои денес се сметаат за малку опасни би можеле повторно да станат сериозна опасност ако не се превземе нешто на светско ниво против отпорноста на бактериите од антибиотиците, предупредила Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО во новото соопштение, првото посветено на отпорноста на микроорганизмите на антибиотици во светот, истакнува дека таа серозна закана повеќе не е само можност туку станува реалност во сите делови на светот и секој,...