Имплант за мозок, етички прифатлив?

Би можел многу да помогне за меморијата

 |  инфодеск  | 

Лицата кои патат од губење на памтењето, помош би можеле да најдат во имплант за мозокот кој го развива една американска агенција. Но, за која цена?

Американските научници во февруари соопштиле дека работат на усовршување на имлантот за мозокот кој ќе помогне да им се врати помнењето на лицата кои боледуваат од Алцхајмеровата  болест.

Иако точни детали околу ова откритие ќе се знаат за неколку месеци, во јавноста се расправа за етичката прифатливост на таков имплант. Противниците на оваа пракса велат дека имплантот би можел да влијае на идентитетот на лицето во кој е вграден имплантот, па дури и нивната совест, пишува Daily Mail.

Лидерот на проектот смета дека овој имплант добро ќе им дојде на војниците кои го изгубиле помнењето. “Ако биле повредени на должност и не помнат ништо, дури ни членовите од фамилијата, овој имплант би можел да ги врати тие функции”, вели Џастин Санчез, лидерот на проектот.

Сепак, експертите за медицинска етика не гледаат благонаклоно на овој проект. “ Кога си играте со нечиј мозок, си играте и со неговиот идентитет”, вели Артур Каплан.

Овој проект се одвива во склоп на DAPRA (Defence Advanced Research Project Agency) која е дел од иницијативата BRAIN за истражување на пореметувања на мозокот, а кој ја покренал самиот американски претседател Барак Обама.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top