Post Views: 0
На 10.02.2022 година од 10 до 14 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници во Охрид затекнале и санкционирале 13 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-08, Струга-04, Дебар-01).
Во Струга, затекнати и санкционирани се 7 возачи на моторни возила кои, извршиле непрописно престигнување – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 3
Во ОУ „Св Климент Охридски, во присуство на деца, родители и граѓани на Охрид традиционално беше одбележан меѓународниот ден на таткото. И оваа година во соработка со Женски Центар „Бисера“ од Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа на Охрид, успеавме да ги изненадиме малдите сликари и литературни творци од сите ОУ во градов, кои зедоа учество на конкурскот , вели Наде Мартиноска, претседателот на „Бисера“.
„Женски Центар Бисера ја организира оваа манифестација со вклучувања на сите основни училишта на општина Охрид. Она што го видовме вечерва мислам дека...
Post Views: 0
Вкупниот тековен долг на општина Охрид, заклучно со 31-ви март годинава изнесува 295,753,912.00 денари, кој се состои од камати,главници заедно со процесни и извршни трошоци. Добар дел од обврските ги сочинуваат и затезните камати на доспеан долг, како и трансакциски и извршни трошоци.
Во финансиската анализа предвидени се две сценарија за отплата на долгот: :подигнување на банкарски кредит со рок на отплата 10 години, максимална годишна камата од 5% и две години грејс период или сопствена отплата на долг според можностите на општината, исто така на период од 10 години.
–...
Post Views: 1
Презентирана ревидираната верзија на планот за управување со националниот парк „Галичица“ и стратегиската оценка за влијанието врз животната средина со направените измени.
Денес во просториите на дирекцијата на националниот парк, екологисти, експерти од областа на биологијата, екологијата и животната средина, граѓани ги слушнаа предлозите, забелешките и препораките во однос на промената на зоните на заштита во националниот парк „Галичица“. Овие промени кои се прават поради предвидените владини проекти за изградба на ски центар на Галичица, експресен пат од Охрид до...
Post Views: 0
Опремена по сите светски стандарди, со најквалитетни продукти од здравата исхрана компанијата Бако денес свечено го прослави својот втор роденден во Охрид. Компанијата е основана во 2000 година и од тогаш па се до денес посветено работи на квалитет. Како што изјави првиот човек на компанијата Омер Фејзулоски и понатаму ја задржуваат нивната цел, преку нивната потрошувачко ориентална стратегија да дадат конкурентна понуда и уникатни производи. Ја остваруваме нашата визија и мисија да бидеме синоним,квалитет и вкус што не се заборава додаде Фејзулоски.
„Ние знаеме каде...
Post Views: 6
Компанијата StoreDot претстави полнач кој батеријата на паметниот телефон може да ја наполни за само неколку секунди. Овој полнач е претствен на меѓународниот саем за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2015), а батеријата на мобилниот телефон ја полни за помалку од 30 секунди.
Извршниот директор на компанијата, Doron Myersdorf, изјавил дека оваа батерија користи нова технологија и материјали кои овоможуваат брзо полнење.
Технологијата е базирана на биолошки полупроводници и работи на принципот нанотехнологија и користи танки природни кристали со пречник од два...
Post Views: 5
Долги години во Македонија од осамостојувањето до сега нема социјален дијалог туку социјален монолог. Жалосно е што партнерите кои што треба да го спроведуваат социјалниот дијалог не го прават тоа туку сосема други, истакна претседателот на УНАСМ Слободан Антовски. Тој нагласи дека неможноста да се спроведе социјален дијалог негативно се отсликува на сите нивоа, бидејќи на маса седнуваат структури на кои не им е грижа за работничката класа, па тоа е причината што младите бегаат од земјава бидејќи минималната плата која ги очекува не им нуди ништо освен гол живот. Антовски...
Post Views: 6
По повод Светскиот ден на првата помош, 12-ти септември општинската организација Црвен крст во текот на утрешниот ден ќе организира низа настани.
На плоштадот „Свети Климент Охридски“ од 10 до 15 часот ќе се одржи презентација на вештини за укажување на прва помош.
-Екипи на Црвениот крст составени од инструктори, тренери, едукатори и волонтери ќе ги презентираат најновите техники и вештини за укажување на прва помош. Сите оние посетители кои ќе дојдат на овој настан ќе можат и да ги пробаат тие техники и вештини на специјалните помагала кои ќе ги имаме на располагање...
Post Views: 1
Зимата на северната Земјина полутопка официјално започна во 6,30 часот.
Зимата ќе трае се’ до 20 март 2012 година, кога почнува пролетта. За првите денови на зимата метеоролозите најавија студено време со врнежи од снег.
Вистинското снежно изненадување УХМР го најавија за денеска кога се очекуваат интензивни врнежи од снег и засилен северен ветер.
На јужната хемисфера денеска започнува летото.
{loadposition content9}
Post Views: 12
Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, утре ќе ја реализира кампањата „Вози трезвен-стигни жив“.
На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. Тука, но и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде ќе се врши доброволно алкотестирање и делење...
Post Views: 18
Обид да се надминат религиските и етнички предрасуди. „Единство во Различноста“ е само прва од циклусот јавни дебати, кои до крајот на годинава ќе се одржуваат во Струга. Целта на дебатите е зајакнување на довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи во општина Струга. Еден од учесниците на дебатата Проф. Д-р. Отец Стефан Санџакоски кажа дека, сеуште живееме затворени во своите дворови и гледаме кон надворешниот свет низ клучалките. Санџакоски додаде дека ни ИВЗ и МПЦ досега не се состанале на ниту едно ниво, и меѓу нив дијалог речиси и да...
Post Views: 19
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353...