Бако го прослави вториот роденден во Охрид

Компанијата Бако го прослави својот втор роденден во Охрид. Најмалиот статист од нивната реклама, Никола Дуданов ја имаше честа да дува на свеќите од големата роденденска торта. Сопственикот на компанијата ги изненади вработените на кои им подари уметнички фотографии, но и верните потруошувчи добија „Бако“ картичка со која ќе можат поефтино да пазаруваат и да учествуваат во наградна игра, патување во Банско.

 |  Николоска Биљана  | 

Опремена по сите светски стандарди, со најквалитетни продукти од здравата исхрана компанијата Бако денес свечено го прослави својот втор роденден во Охрид. Компанијата е основана во 2000 година и од тогаш па се до денес посветено работи на квалитет. Како што изјави првиот човек на компанијата Омер Фејзулоски и понатаму ја задржуваат нивната цел, преку нивната потрошувачко ориентална стратегија да дадат конкурентна понуда и уникатни производи. Ја остваруваме нашата визија и мисија да бидеме синоним,квалитет и вкус што не се заборава додаде Фејзулоски.

„Ние знаеме каде се движиме а тоа е патот на остварување на големи цели. Една од тие беше Охрид. Да го збогатиме со специјализирана продавница со здрава храна, а тоа се случи точно пред две години и затоа денес по повод две годишнината организираме прослава на која имаше изненадување на нашите потрошувачки. Тие ќе добиваат дисконтн картички“ – вели Фејзулоски.

Со картичките потрошувачите ќе имаат можност да пазаруваат со посебен попуст на производите на Бако, но и учество во наградна игра.

„А на секоја годишнина, роденеден ќе избираме 10 најлојални потрошувачи со викенд во Банско со полн пансион со наш превоз. Но секако не застануваме тука, здравата исхрана е нашата мисија, ќе се трудиме да ја изедначиме понудата со побарувачката, со цел нашите потрошувачи да бидат задоволни“ – најавува Фејзулоски.

Роденденската просалава на Бако претставува благодарност и споделување на убавите моменти со охриѓани кои се покажаа како верни муштерии, нагласи Фејзулоски. Во неговата компанија вработени се 9 лица од Охрид, а комплетно во фирмата работат 62 лица. Бако постои во Прилеп, Битола, Велес и Скопје а нивната интенција во иднина е да се прошират и во другите градови. Најмалиот статист од нивната реклама, Никола Дуданов ја имаше честа да дува на свеќите од големата роденденска торта, а присутните се облажија од тортата и баклавата.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top