Одбележан денот на таткото во Охрид

Одбележан денот на таткото. Со доделување дипломи и награди по претходно распишаниот конкурс на тема „Мојот татко“, вчера во ОУ „Св Климент Охридски“ се одбележа денот на таткото.

 |  Николоска Биљана  | 

Во ОУ „Св Климент Охридски, во присуство на деца, родители и граѓани на Охрид традиционално беше одбележан меѓународниот ден на таткото. И оваа година во соработка со Женски Центар „Бисера“ од Охрид, а под покровителство на Локалната самоуправа на Охрид, успеавме да ги изненадиме малдите сликари и литературни творци од сите ОУ во градов, кои зедоа учество на конкурскот , вели Наде Мартиноска, претседателот на „Бисера“.

„Женски Центар Бисера ја организира оваа манифестација со вклучувања на сите основни училишта на општина Охрид. Она што го видовме вечерва мислам дека со една пригодна програма кажаа колку им значи и колку го сакаат таткото, всушност тоа е целта на одбележувањето на овој ден да се покаже една благодарност на таткото за сето она што го сторил за своите деца, неговата љубов, грижата, насочувањето на нивниот развој и она основната родова улога, подеднакво да ја поделат улогата со мајката во одгледувањето на децата“ – вели Мартиноска.

Поздравувајќи ги децата, родителите и сите присутни граѓани, Валентина Кузманоска од ОУ „Св. Климент Охридски“истакна дека со празнувањето на овој ден се почитува улогата на секој татко во семејството и во општеството, кој рамноправно ја презема обврската за згрижување, воспитување и воопшто подигнување на децата во едно семејство.

„Веќе неколку години наназад соработката на нашето училиште со Женски центар „Бисера“ е на завидно ниво, неколку пати како училиште сме домаќини на манифестации од ваков вид. Во чест на тој ден од името на сите вработени и директорот на  училиштето им го честитаме празникот на сите татковци а исто така им ги честитаме наградиге на сите ученици на распишаниот ликовен и литературен конкурс а тема „Мојот татко“

Во пригодната програма која се одржа синоќа децата од дел од основните училишта од градов се претставија со ритмички игри и рецитали, а беа поделени дипломи и наградите  за најуспешни детски трудови. Денот на таткото во Македонија прв пат беше одбележан во 2006 година и од тогаш до сега секоја година во септември се оргнизираат настани во кој се вклучуваат децата од градинките и основните училишта, поттикнувајќи ја нивната креативност.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top