Отворено ормарче за струја – опсно или не !!!

Post Views: 5   До нашиот медиум стигна реакција, во која граѓани укажуваат дека во трговскиот центар „Пазар“, на бул. „Туристичка“, во Охрид, ормарчето каде се наоѓаат осигурувачите за струја на целиот комплекс не е заклучено, онака како што налагаат условите за безбедност.   Ова ормарче за струја стои отворено и незаштитено веќе подолг временски период. Со тоа претставува потенцијална опасност за сите посетители на јавниот објект во кој се наоѓа ова разводно ормарче“ -велат граѓаните. Која е постапката на надлежните од ЕВН да се погрижат со цел да обезбедат сигурност на посетителите...

Continue reading

Економски нерентабилни типизираните сувенирници во Охрид

Post Views: 6   Празни и напуштени се типизираните сувенирници во Охрид кои ги постави Министерството за култура пред неколку години. Објектите се покажаа како економски неодржливи иако се поставени во централното градско подрачје во Охрид и Вевчани за продажба на сувенири, информира Мишко Тутуткоски, директорот на НУ Завод и Музеј. „Прометот кој се заработувал за да се платат луѓето кои рабоат во нив бил исклучително на ниско ниво во сите нив, во изминатите години. Буквално ги имаме оставено и не ги работиме. Разговаравме на оваа тема со градоначалникот на Охрид со кој најдовме решение...

Continue reading

harold pinter

Охридскиот народен театар се враќа со награда за оригинална актерска изведба од фестивалот „Ристо Шишков“

Post Views: 5 Наградата „НЕТА“ на 23то издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ доделена на актерите од Охридскиот народен театар, Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ и Ирена Ристиќ. Оваа награда, актерите од нашиот театар ја добија за претставата „Стари времиња“ од Харолд Пинтер, а во режија на Нела Витошевиќ.Театарската мрежа „НЕТА“ го доделува ова високо признание за оригинална актерска интерпретација на претставата. Со оваа претстава, актерското трио на Охридскиот народен театар премиерно се претстави во рамки на годинешното 55то издание на фестивалот „Охридско ...

Continue reading

uist

Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид

Post Views: 1 Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти. На насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни места...

Continue reading

centar za kultura

Дали Охридскиот народен театар ќе добие нов уметнички директор?

Post Views: 2 ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција. Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор...

Continue reading

Несекојдневен начин на закана од Исламската држава

Post Views: 1 Џихадистите во секојдневната “cyber” војна со САД ги објавиле контакт деталите од пензионираните американски генерали, воените планови и пораката: “Американски војници, доаѓаме, внимавајте”. Twitter профилот на американската воена команда го хакирале симпатизерите на Исламската држава и таму објавиле пораки за поддршка на џихадистите во Сирија и Ирак. Истовремено објавиле и мноштво на лични податоци на пензионирани американски генерали, поради што на нозе е кренат целиот воен персонал, а се покажало дека е упаднато и во неколку високи воени тајни системи, пренесува Mirror. Фотографијата...

Continue reading

Капацитетите на бродовите кои пловеа по Охридското Езеро исполнети до последно место

Post Views: 3 Бротската линија Охрид – Поградец, оваа сезона максимано искористена.  Дневната линија која е активна само во текот на туристичката сезона, им нуди можност на домашните и странските гости да се прошетаат по Охридското Езеро, разгледувајќи го од двете страни. Капетанот на Капетанија на пристаништа на РМ, Горан Устијаноски, вели дека оваа линија сезонава поминала без никаков проблем, а во моментов ги очекувале точните податоци за бројки на гости кои се прошетале до Поградец, Албанија. „Сега ќе ги сумираме резултатите откога ќе истече важноста на решението, односно од...

Continue reading

Започна новата академска година

Post Views: 3 Започна новата академска година. На ФТУ Охрид  на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите .   ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти. И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките...

Continue reading

shisarki

Европските божикни елки украсени со моликови шишарки од Пелистер

Post Views: 24 Шишарките од пелистерската молика од Македонија се дел од најубавите божикни и новогодишни украси во Европа, најмногу во Германија и Италија. Берењето на шишарките е тешка и опасна работа, ја вршат искусни берачи. Моликовата шишарка  во изминатите години стана можност за егзистенција на многу семејства во селата под Пелистер. За  килограм шишарки добиваат по 40 денари, а откупот на семе е 300 денари за килограм. Шишарките  се користат за изработување украси. Семето го откупува Националниот парк „Пелистер‘‘ за пошумување на голите површини на Баба Планина. Ендемичното...

Continue reading

Во Охрид има доволно огревно дрво

Post Views: 8 Во Охрид има доволно огревно дрво за оваа грејна сезона. Нема место за паника тврди директорот на Подружницата на Шумското стопанство „Галичица“ Охрид, Наум Будоски.   „Бидејќи имаме постојан проток на дрвната маса како што слегуваат од нашите работилишта, не правиме залиха во шумските складови, бидејќи дрвото директно се испорачува до муштериите. Значи имаме доволно залихи во шумите во моментов по сечено дрво кое тековно го транспортираме, така да немаме никаков проблем да ги снабдиме граѓаните“ – тврди Будоски. Како што информира Будоски во моментов имале 4000-...

Continue reading

solza

Растат педофилијата, насилството и сексуaлна злоупотреба врз децата

Post Views: 2 Резултатите од спроведените истражувања и податоците од Сос телефонот за деца и млади од Првата детска амбасада во светот Меѓаши покажуваат алармирачки проблеми со кои се соочуваат македонските деца. Најалармантно е физичкото насилство во средните  училишта .Сос телефонот покажува дека е двојно поголемио во псредба со лани.  Во пораст се и педофилијата, и  сексулна злопуотреба на децата нагласува Драги Змијанац, директорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. Змијанац  потенцира дека недостасуваат превентивни активности на државните институции. Мобилизацијата...

Continue reading

Зголемен бројот на барања за исхрана во народна кујна во Охрид

Post Views: 0 80 лица секојдневно по топол оброк влегуваат во „Народната кујна“, во студенскиот дом „Никола Карев“, во Охрид. Овие кујни се од егзистенцијално значење за многу семејства, вели првиот човек на Центарот за социјална работа, Екрем Каљоши. Додава дека бројот на корисници на народната кујна постојано варира, но годинава бележат поголем број барања за користење на оваа помош. „Во текот на летото имавме една нова динамика односно добрар дел од корисниците кои ги добиваа услугите се откажаа од храната, истовремено имаме и нови барања, така да во моментов ние имаме донесено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top