Трет уписен рок на УИНТ „Свети Апостол Павле“ Охрид

Утре 16 септември на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, ќе се одржи третиот и последен уписен рок за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2015/2016 година.

 |  Мишел Наумоски  | 
uist

Заинтересираните студенти можат да конкурираат за слободни места на петте факултети на следниве студиски програми: компјутерски науки и инженерство на три годишни студии 12 редовни во државна квота, 8 редовни со кофинансирање и 8 вонредни студенти, додека на четиригодишни студии седум слободни места кај редовните студенти со кофинансирање и 11 слободни места за вонредни студенти.

studenti uintНа насоката комуникациски мрежи и безбедност на тригодишни студии 15 места во државна, 8 со кофинансирање и 8 места за вонредни студенти, додека на четиригодишните студии по 12 слободни места во сите категории. На насоката машинска интелегенција и роботика 15 места во државна квота, 8 со кофинансирање и 8 вонредни студенти. Во четиригодишните студии 25 слободни места во државна, 12 во квотата со кофинансирање и 12 вонредни студенти. На насоката информатички системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника 14 слободни места во државна квота, и по 8 со кофинансирање и вонредни студенти на тригодишни студии. На четиригодишните пак нема слободни места во државна квота, а има 12 со кофинансирање и 11 вонредни. И на насоката дигитална бизнис информатика на четиригодишни студии 15 места во државна, 20 со кофинансирање и 20 вонредни студенти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top