kuka

Туѓинец на имот после 12 години живот во заедница

Post Views: 9 Шест години живот како во пекол. Артера Лога, од село Ливада, струшко е самохрана мајка со 4 деца. Таа живее во една соба заедно со нејзините деца од скромна социјална помош од 2 500 денари.  Таа по прераната загуба на сопругот кој бил тешко болен се чувствува обесправена од судските институции. Четирите сестри на нејзиниот покоен маж по судски пат и одзеле скоро се. Тие ја бркале од дома велејќи и да си оди во Албанија, а децата да ги остави тука. Лога со голема болка во душата, огорчена, вели дека само децата сеуште ја одржуваат во живот. Таа додава дека куќата ја...

Continue reading

det igra

Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува

Post Views: 1 Дислоциран забавниот детски парк кај мостот. Од ЛС најавуваат  градежни зафати со кој паркот ќе се проширува и обновува со модерни играчи , клупи и хортикултурно зеленило. Новото детско катче ќе се протега на 397 м квадратни, а неговите  граници ќе се прошират на просторот на кој порано беше поставен времен угостителски објекти, информира секретарот на општината Димитар Спасески.   Реквизитите кои пак досега се користеа во овој парк ќе бидат пренаменти. „ Во моментов интензивно се одвиваат градежните работи. Од она што е договорено старите играчки ќе бидат дадени на...

Continue reading

Излеана штетна течност по Охридското Езеро

Post Views: 2 Охрид на црна листа на УНЕСКО, а езерото станува претесно за пловните објекти кои загадуваат, алармираат екологистите. Маслена дамка во езерото на градскиот кеј на потегот пред Ројал вју кон Милениум беше забележана викендов од страна на граѓанин. Михајло Наумоски, кој секојдневно го користи езерото за рекреација вели дека е револтиран бидејќи досега не забележал такво нешто, а можел да го види и незадоволството на туристите кои уживале на Охридското крајбрежје во тој момент. -Се чувствуваше некој страшен мирис на нафта, прегорено масло, меѓутоа не видовме бидејќи честопати...

Continue reading

ou debrca

Да се изгради сопствен образовен систем без негово целосно преземање од други земји

Post Views: 1 Да се гради сопствен образовен систем, да се прифаќаат делови од други образовни системи или целосно да се копираат други системи кои се покажале успешни во поразвиени земји. Ова е дилемата со која се соочуваат најголемиот дел од балканските држави. Во време на глобализација, кога решенијата се достапни на дланка се чини најлесно е да се копираат туѓите решенија. Според деканот на Педагошкиот факултет од Скопје, проф.д-р Владо Тимовски, глобализацијата треба да се обработува само преку прифаќање на некои теми или содржини кои се општоприфатени во повеќе земји. „Јас мислам...

Continue reading

pazar

Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар

Post Views: 7 Доцнат работите околу изградбата на новиот зелен пазар. Иако од Локалната најавија дека градежните работи ќе започнат при крајот на август или почетокот на септември, на терен сеуште нема ништо. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека три месеци чекале согласност од Завод и музеј за да започнат со градба. Деновиве согласноста е добиена и треба да се испрати до Министерството за транспорт и врски кое треба да даде одобрение. Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ објаснува дека тие како фирма се...

Continue reading

Охрид домаќин на првиот конгрес на физиотерапевти

Post Views: 3 Охрид домаќин на првиот конгрес на здружението на професионални физиотерапевти на РМ. Претседателот на лекарската комора на РМ, проф. Д-р  Кочо Чакаларов, истакна дека физиотерапевтите се луѓе без кои физикалната медицина не би можела да биде успешна. Професионалните терапевти немаат докторска титула, но тоа се луѓе кои идејата на докторот по физикална медицина ја реализираат во стварност, било да се работи за мануелна масажа, примена на ултразвук во рехабилитацијата или кога се работи за галвано, термо и франго терапија, нагласува д-р Чакаларов. „Во последно време нивната...

Continue reading

Уапсен Французин во Бугарија кој бил поврзан со браќата Kouachi

Post Views: 1 Французинот кој на 1 јануари бил приведен од бугарската полиција при обид да ја премине границата, за пат кон Сирија, е осомничен дека бил во врска со Cherif Kouachi, еден од извршителите на атентатот на неделникот Charlie Hebdo, објавило бугарското обвинителство, а пренесува AFP. Во францускиот налог за апсење против Fritz-Joly Joachin се споменува обвинение за учество во криманлна вооружена група со цел организирање терористички дела, рекла Дарина Славова, главен обвинител на градот Хасково. Пред патувањето во Турција на 30 декември, тој повеќе пати бил во контакт...

Continue reading

Иванов: НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на Македонија

Post Views: 0 НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на нашата земја, истакна претседателот на РМ Ѓорге Иванов, во своето обраќање пред учесниците на 19 Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба (А-5), кој се одржува во Охрид. Според него глобалната закана од насилен  екстремизам и странски терористички борци не може да се реши со бирократски процедури туку со менаџирање на заканите. Искуството покажало дека разузнaвањето и специјалните операции се најдоброто оружје во денешното безбедносно окружување, додава Иванов.Претседателот...

Continue reading

Започна имунизацијата со петтовалентната вакцинавв

Post Views: 2 Од денес започна имунизацијата со петтовалентната вакцина. Оваа вакцина е наменета за децата на возраст од 3,5 и 18 месеци кај кои имунизацијата е веќе започната.  Петовалентната вакцина во својот состав содржи заштита од дифтерија, тетанус, голема кашлица, парализа и хемофилус инфлуенце тип Б. Воведувањето на поливалентните вакцини започна од 1ви август кога беа промовирани шествалентните вакцини во кои покрај од погоре наведените вируси децата се заштитуваат и од хепатит Б. Шестовалентната вакцина се дава на новороденчиња во вториот и шестиот месец. Да нема сомнеж...

Continue reading

poskapa struja

Струјата поскапува за 7 отсто

Post Views: 5 Цената на струјата од 1 јануари наредната година да се зголеми за 6,95 отсто, предложи вчера Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Конечната одлука за цената ќе биде донесена до крајот на неделава. Граѓаните ја добија својата новогодишна честитка. Несомнено, најавите за новите поскапувања ќе бидат шок за буџетот на секое семејство. Логично е дека повисоките сметки за електрична енергија ќе повлечат низа други поскапувања, особено кај животните продукти. Од регулаторната комисија за енергетика образложија дека поскапувањето требало да биде двојно повисоко од предложеното,...

Continue reading

ОМУ „Методи Патче“ доби нов директор

Post Views: 1 Емилија Маринова е новиот директор на ОМУ „Методи Патче“. Таа ја замени Нина Момировска чиј втор мандат заврши на почетокот на септември. Во месец август бил објавен конкурс за ова директорско место, а на конкурсот покрај Маринова се пријавил уште еден кандидат. Момировска не конкурирала за и трет пат да биде директор на музичкото училиште. Градоначалникот Никола Бакрачески од двајцата кандидати се одлучил Мариноска да ја води оваа образовна институција во наредните четири години. Одговорноста да се продолжи со раководење на оваа институција е многу голема. Пред мене...

Continue reading

Zijadin Sela

ДПА во одбрана на учениците од с. Подгорци

Post Views: 0 Оставете ги на мир родителите и учениците oд село Подгорци. Тие не бараат ништи друго освен да учат на свој мајчин јазик, Албански.  Тие сакаат да исправат една голема неправда која им е нанесена од поранешниот монистички систем. Тие со ова излегуваат од асимилацијата која слична на вашето едноумие им било наметнато, истакна во Струга претседателот на ДПА, Зијадин Села.  Тој обраќајки се до Министерот за образвание му порача Министерството за образование да не се осмелува со толку ниски методи да ги воспитува родителите и децата затоа што сите тие знаат на кој јазик...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top