Иванов: НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на Македонија

Ги браниме интересите на Алијансата иако не сме дел од неа. Одамна ги исполнивме стандардите и критериумите, а сепак останавме блокирани. Време е и Алијансата да ги брани своите интереси со тоа што ќе ни го дадат одамна заслуженото место, истакна претседателот на РМ Горѓе Иванов на 19 Конференција на началниците на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, што денес се одржува во Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 

НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на нашата земја, истакна претседателот на РМ Ѓорге Иванов, во своето обраќање пред учесниците на 19 Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на САД – Јадранската повелба (А-5), кој се одржува во Охрид. Според него глобалната закана од насилен  екстремизам и странски терористички борци не може да се реши со бирократски процедури туку со менаџирање на заканите. Искуството покажало дека разузнaвањето и специјалните операции се најдоброто оружје во денешното безбедносно окружување, додава Иванов.Претседателот Иванов, на конференцијата насловена како ,,Здружени напори во постигнување на НАТО партнерските цели и способности на силите“, по однос на проблемот околу блокирањето на нашата земја во НАТО, смета дека, со ставање на нашата земја надвор од безбедносниот чадор, Алијансата прави стратегиска грешка и создава простор на помал отпор. Исто така укажува дека тоа претставува школски пример за тоа како не треба да се гради безбедноста во регионот.
         
Ако досега прашањето за поканата за РМ во НАТО беше чисто политичко прашање сега веќе е и безбедносно прашање. Со секое натамошно нелегално блокирање на нашето заслужено членство во НАТО се врши сериозно блокирање на колективните интереси и на темелните принципи на Алијансата “ – нагласи Иванов.

Претседателот Иванов од земјите членки на Алијансата побара на престојниот самит во Варшава, да ја потврдат посветеноста кон меѓународното право, да биде испочитувана пресудата на Меѓународниот суд на правдата, со што би се одбранил колективниот интерес на Алијансата, но истовремено и интересите на регионот за поголема безбедност и стабилност.
Командантот на Сојузничката команда на НАТО во Неапол и претставник на САД, адмирал Марк Фергусон, потсети дека пред 12 години, САД – Јадранската повелба, беше воспоставена како доказ на заедничката визија за мир на југоисточна Европа интегрирана во евроатланската заедница. Истакна дека од тогаш бил постигнат голем успех и треба да сме горди на еден таков напредок.

„Вратите на НАТО остануваат отворени опкружувањето сега можеби е уште покомплексно и уште поголем предизвик отколку што беше во 2003. Тестот што го имаме ние пред нас е да продолжиме на патот на партнерство интеграција и безбедност за нашите земји и покрај сите предизвици. Мораме да останеме фокусирани на постигнување на целите на повелбата и колективна безбедност и просперитет што доаѓаат заедно со нив“, – изјави, адмнирал Марк Фергусон  – командант на Сојузничката команда на НАТО во Неапол и претставник на САД.
 
На конференцијата иако не беше предвидено стана збор и за прашањето на миграцијата како еден од главните проблеми со кои денес се соочува регионот. АРМ веќе има распределено свои сили за справување со мигрантската криза, истакна началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.

„Согласно одлуката на Врховниот командант, АРМ распореди дел од своите единици механизирано пешадиски и единици за врски и логистика се со цел да бидат во испомош на граничната полиција на МВР, за да се канализира протокот на мигрантите да се овозможи побрз транзит низ РМ, за овој период добиваме позитивни сигнали дека колегите од МВР се задоволни од нашиот ангажман, впрочем тоа и се гледа затоа што овозможуваме брз протек на мигрантите низ РМ“ – изјави, генерал – потполковник Методија Величковски, началник на ГШ на АРМ.

Покрај домаќинот, началникот на ГШ на АРМ учествуваа  највисоките воени лица од САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора. Како набљудувач присуствуваше началникот на ГШ на Воените сили на Словенија генерал-мајор Андреј Остерман.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top