Туѓинец на имот после 12 години живот во заедница

Артера Лога, оставена на милост и немилост да се справи со животот и да подигне 4 малолетни деца, со само 2 500 социјална помош, после смртта на нејзиниот сопруг.

 |  Билјана Николовска  | 
kuka
kuka

Шест години живот како во пекол. Артера Лога, од село Ливада, струшко е самохрана мајка со 4 деца. Таа живее во една соба заедно со нејзините деца од скромна социјална помош од 2 500 денари.  Таа по прераната загуба на сопругот кој бил тешко болен се чувствува обесправена од судските институции. Четирите сестри на нејзиниот покоен маж по судски пат и одзеле скоро се. Тие ја бркале од дома велејќи и да си оди во Албанија, а децата да ги остави тука.

Лога со голема болка во душата, огорчена, вели дека само децата сеуште ја одржуваат во живот. Таа додава дека куќата ја подигнале во заедница уште додека биле живи родителите на нејзиниот сопруг и според неа голем грев е ова што сега им се прави на нејзините деца.

Судијката Менка Опетческа и ветила дека ќе се залага да добие една нива од оставштината како би можела да ја дава под наем за да може да живее, но и од тоа ништо. Судот и доделил минимален дел од нивите, но и за тој дел Лога трпи тортура од нејзините золви. Таа смета оти затајува судскиот систем во државава и дека само оној кој има пријатели опстојува. Истото го смета и за институциите кои треба да се грижат и да помагаат во вакви случаи. Таа сака да работи и да заработува за скромна живеачка. Тропнала на многу порти, но до ден денес никој не и подал рака.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top