Post Views: 3
Во јавноста кружат потенцијални имиња на кандидати за оваа функција. Од таму велат сеуште е рано за подготовки, во моментов се преокупирани со избор на челник на партијата.
Струшкиот огранок на ДУИ ги интензивира подготовките за претстојните локални избори. Иако од таму велат дека сеуште е рано да се прецизираат активностите за реализирање кои им се на приоритетната листа, сепак во јавноста веќе кружат шпекулации кои би биле потенцијалните кандидати за градоначалник од оваа партија. Се шпекулира дека интерес за кандидат за градоначалник на општина Струга од редовите...
Post Views: 8
Денеска започнува вакцинацијата со првата доза на вакцината на Фајзер. Први се вакцинираат здравствените работници кои работат во модуларната болница на инфективната клиника во Скопје, а останатите кога ќе дојдат нарачаните дози. Македонија се уште ги чека вакцините.
Неколку недели спроти годишнината од почетокот на светската пандемијата на корона вирусот почна процесот на вакцинација во Македонија.
Први вакцината денеска ја примаат здравствените работници од ковид центрите кои секојдневно во изманатата година се сретнуваат со пациенти со најтешки тешки клинички слики...
Post Views: 3
Американските здравствени служби, во петокот, соопштиле за појава на прв случај на зараза од коронавирусот MERS (Средноисточен респираторен синдром) во САД.
Центрите за контрола и превенција од болести објавиле дека таа болест е дијагностицирана кај еден здравствен работник кој на 24 април допатувал од Саудиска Арабија преку Лондон и Чикаго.
„Предвидовме дека MERS ќе дојде до САД, спремни сме и превземаме брза акција“, рекол директорот на CDC Tom Fieden.
CDC е во потрага по луѓето кои можеле да имаат контакт со заразеното лице бидејќи вирусот може да се шири преку блиски...
Post Views: 0
Премиерот на Македонија Никола Груевски денеска ќе оствари официјална посета на Словачка, во рамки на која ќе има средба со неговиот словачки колега Роберт Фицо.
Груевски предводи бројна владина делегација во која се и вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски, министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо.
Во рамките на посетата, предвидено е потпишување на Договор за избегнување на двојно оданочување од страна на двајцата премиери, како и на Меѓувладин договор за соработка во борба против...
Post Views: 0
Од таму сакаат од него да направат повеќенаменска просторија. За таа немана им недостигаат 50 илјади евра.
Местото кое стружани го користеа како јавен тоалет ќе се уредува. Делот под скалилата на влезот од Центарот за Култура “Браќа Миладиновци“ години наназад е целосно запуштено. Бидејќи се наоѓа во паркот на поезијата каде постојано има фрекфентност, неопходно е да се уреди тоа место, од каде се шират непријатни миризби, вели директорката на Центарот за култура.
За таа цел е изготвен проект со кој се предвидува реконструкција на тој простор. Директорката има план...
Post Views: 7
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во придружба на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска имаше средба со градоначалниците на Општина Охрид – Константин Георгиески, на Општина Струга – Рамиз Мерко и на Општина Дебрца – Зоран Ногачески.
На средбата премиерот Заев истакна дека претстојниот извештај на УНЕСКО треба да се прифати како силен аларм кој повикува на заедничка акција на Владата и надлежните ресорни министерства како централна власт и на oпштините Охрид, Струга и Дебрца, за да се отстранат сите ризици кои го...
Post Views: 0
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (12/13.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Исто така според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката...
Post Views: 0
Родителите ги учат децата како да бидат здрави и да се чуваат во реалниот живот, но не се еднакво успешни кога е во прашање интернетот.
Неодамна големото истражување Digital Lives кое е спроведено во Велика Британија, покажало дека голем број на тинејџери воопшто не прават разлика од виртуелниот со реалниот свет. Ова истражување го нарачале Google и Vodafon, а резултатите предупредуваат дека училиштата не превземаат доволно активности за да ги заштитат младите од бројните опасности кои претат на интернет, и исто така предупредува дека преминувањето од основно во средно...
Post Views: 1
Рекордни 140 учесници и 20 едрилици ќе земат учество на традиционалната 11 Октомвриска регата, што денеска започнува во акваторумот на хрватскиот остров Хвар.
Едриличарскиот клуб ПАМПУР трета година по ред ја организира 11 Октомвриска регата во водите на Јадранското море, што ќе трае до 10октомври.
„На наше големо задоволство во изминатите две години групата вљубеници во морето и едрењето се зголеми и за оваа четврта регата ќе се натпреваруваат 20 едрилици со околу 140 учесници“, велат организаторите.
Предвидено е регатата да започне во Сплит, а првите неколку денови...
Post Views: 24
Тие се товарат за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластувања“.
Поднесени кривични пријави за “злоупотреба на службената положба и овластувања“ против 42 полициски службеници. Сите се вработени на граничниот “Ќафасан“. Од пријавените, 15 се раководители на смена, а останатите 27 – полицајци оператори на пасошка контрола. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР изврши контрола на работењто на овој граничен премин, по претходни сознанија. Извршен е и увид во службената евиденција на наведената полициска станица,...
Post Views: 0
Околу 200 медицински лица од Охрид колку што се пријавиле за вакцинирање против Ковид 19 ќе одат во Скопје да ја примат вакцината на Бионтек/Фајзер која прва пристигна во државава.Фазјеровите вакцини нема да бидат дистрибуирани во Здравстените домови низ градовите во внатрешноста. Медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикувани во Скопје. Причината е немање на посебни услови за чување на Фазјеровата вакцина во здравствените домови во земјава, инфромира д-р Ајсел Зејноска, директор на Здравствен дом Охрид.
„Заради специјалниот начин на чување...
Post Views: 29
Се трага по убиецот на Дилавер Бојку Леку. СВР Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „убиство“ извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. 55 годишниот Леку откако било пукано во него од непосредна близина, во бесвесна состојба бил донесен на хируршкото одделение во струшката болница каде по неуспешна реанимација ,констатирана е смрт. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга...