Зависност од интернет и социјалните мрежи

Тинејџерите не го разликуват вистинскиот од виртуелниот свет

 |  инфодеск  | 

Родителите ги учат децата како да бидат здрави и да се чуваат во реалниот живот, но не се еднакво успешни кога е во прашање интернетот.

Неодамна големото истражување Digital Lives кое е спроведено во Велика Британија, покажало дека голем број на тинејџери воопшто не прават разлика од виртуелниот со реалниот свет. Ова истражување го нарачале Google и Vodafon, а резултатите предупредуваат дека училиштата не превземаат доволно активности за да ги заштитат младите од бројните опасности кои претат на интернет, и исто така предупредува дека преминувањето од основно во средно училиште носи големи промени во дигиталното однесување на младите.

Содржината и објавите на тинејџерите на социјалните мрежи денес станаа толку важни што младите тинејџери се помалку следат што се случува во реалниот живот (она што го слушаат од професорите и родителите) а важно им е само она што се случува онлајн, односно она што се објавува на Фајсбук, Твитер и Инстаграм, а поради тоа пак го занемаруваат она што се случува во реалниот живот.

Исто така, на мрежите има и бројни опасности поради кои можат да имаат големи проблеми во реалниот живот – најмногу тоа се однесува на злоупотребата по пат на интернет и педофилијата, т.е. Се поголем број на педофили кои се поврзуваат со младите по пат на социјалните мрежи пробувајќи да ја стекнат нивната доверба.

Dan Cobley од Google во Велика Британија, рекол за The Telegraph, дека web го револуционализирал начинот на кој ги споделуваме информациите, но и дека понатаму имаме голем предизвик за да им помогнеме на младите за сигурно и самоуверено да управуваат со онлајн светот. Проблемот е што луѓето со години ги учат младите да бидат здрави и да се чуваат во реалниот живот, но не се еднакво успешни кога е во прашање интернетот.

Оваа ситуација најдобро ја опишала писателката и научник Susan Greenfield која во едно поранешно интервју рекла – Можеби одгледуваме хедонистичка генерација која живее во еден сметачки генериран момент и која е во опасност од потполно одвојување од она што ние го нарекуваме реален свет“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top