Македонска поморска регата во Јадранско море

Рекордни 140 учесници и 20 едрилици ќе земат учество на традиционалната 11 Октомвриска регата, што денеска започнува во акваторумот на хрватскиот остров Хвар.

регата
regata

Рекордни 140 учесници и 20 едрилици ќе земат учество на традиционалната 11 Октомвриска регата, што денеска започнува во акваторумот на хрватскиот остров Хвар.

regataЕдриличарскиот клуб ПАМПУР трета година по ред ја организира 11 Октомвриска регата во водите на Јадранското море, што ќе трае до 10октомври.

„На наше големо задоволство во изминатите две години групата вљубеници во морето и едрењето се зголеми и за оваа четврта регата ќе се натпреваруваат 20 едрилици со околу 140 учесници“, велат организаторите.

Предвидено е регатата да започне во Сплит, а првите неколку денови ќе се работи на подобрување на техниките на едрењето, при што поискусните учесници ќе им ги откријат тајните на едрењето на новите членови, кои потоа ќе имаат можност на дело да покажат колку ги совладале тајните на ветрот, морето и едрата..

Официјалното отворање на натпреварувањето е закажано за 7 октомври со првата регатна тура од островот Вис до островот Брач (Милна) водолжина од 20 наутички милји.

Вториот регатен ден е во должина од 24 наутички милји од Милна до Паклени острови, каде што во заливот Палмижана ќе се одржи официјалното прогласување на победниците.

Новинската агенција Макфакс е медиумски покровител на оваа поморска регата и секојдневно преку фоторепортажа и извештај ќе информира за текот на регатата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top