раца

Семафорите кај Рача никако да проработат

Post Views: 9 Од Локалната велат дека тие уште пред почетокот на летната сезона завршиле со своите обврски. Се чека Агенцијата за патишта да ги пушти во употреба, а од таму не знаат кога тоа ќе се случи. Семафорите кои се ставени на раскрсницата кај населбата Рача сеуште се само декор. И после четири месеци од поставувањето на оваа вертикална сигнализација со цел подобрување на безбедноста на овој патен правец, сеуште не се ставени во функција. Од Локалната самоуправа велат дека тие немаат ингеренции на овој патен правец бидејќи станува збор за  регионален, а воедно и меѓународен...

Continue reading

cingo

Работилници за меѓуетничка интеграција

Post Views: 14 Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во с.Велгошти денеска се одржаа неколку заеднички работилници во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, кој се реализираа со партнерското основно училиште „Фаик Коница“ од селото Доброште од општина Теарце. На активностите, покрај учениците, родителите, претставниците на УСАИД, секторите за образование, бирото за развој на образованието и просветниот инспекторат, присуствуваа заменик градоначалникот на општина Охрид Ангел Јанев и градоначалникот на општина Теарце Исен Хасани. Во рамки на проектот...

Continue reading

Porta Makedonija

Грција упати протестна нота за “Порта Македонија“

Post Views: 1 Грција упати протестна нота до македонското Министерство за внатрешни работи заради симболите на “Порта Македонија“, за кои, како што наведува, биле со иредентистичка содржина.Шефицата на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, Александра Пападополу, во нотата која ја упатила до македонското МНР протестирала “поради фактот дека со различни постапки констатно се допринесува за политичко искривување на историската реалност, која се свртува против Грција и останатите соседни земји“. Официјална Атина предупредува дека ваквите постапки се опасни и претставуваат закана...

Continue reading

logo

Превентивата е најдобар лек за остеопорозата

Post Views: 0 По повод светскиот ден на борба против остеопорозата 20 Октомври, Црвен крст Охрид  организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – Превентивата е најдобар лек, кое ќе го одржи Др. Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест кај жените е намалувањето на нивото на естрогените хормони,...

Continue reading

covekovi prava

Меѓународен ден на човековите права

Post Views: 28 Голем број владини и невладини организации низ целиот свет, го прославуваат овој ден со соодветни прослави. Македонија е една од земјите каде секојдневно, голем број од овие права се кршат.Денес е Меѓународниот ден на човековите права. На денешен ден пред 62 години, Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за правата на човекот, во која пишува дека сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви. Но сликата во светот, во Македонија, а богами и во Охрид кажува нешто сосема друго. Сведоци сме на константно кршење на човековите права во најразличните сфери...

Continue reading

Градоначалникот Бакрачески на израелската интернационална конференција на градоначалници

Post Views: 5 Во рамки на работната посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески присуствуваше на свеченото отворање на 30-тата Израелска интернационална конференција на градоначалници што се одржа во хотелот „Кинг Давид“ во Ерусалим. На конференцијата градоначалникот Бакрачески оствари средба со градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио и со претседателот на Американско- Еврејскиот Конгрес, г-динот Џек Росен. Попладнето Бакрачески присуствуваше на церемонијата на полагање цвеќе во знак на сеќавање на жртвите од Холокаустот во Јад Вашем музејот во Ерусалим, а потоа и...

Continue reading

Граѓаните бараат да сопре рибокрадството

Post Views: 1 Граѓаните бараат да сопре рибокрадството и истребувањето на ендемичната охридска риба. Овој проблем кој се провлекува со години го пријавија во Рубриката „Ти си твојот град“ на ТВМ телевизија. Тие тврдат дека рибокрадци секојдневно влегуваат во водите на Охридското езеро и нелегално ловат риба. Особено се загрижени за криволовот во време на мрестот. Тоа не е само криволов, тоа е истребување на живи фосили, геноцид. Со години алармираме дека охридската пастрмка е на работ на исчезнување., а никој не презема конкретна акција да се страви крај на овој геноцид. Охридската...

Continue reading

svr

Приведено лице од кичевско осомничено за киднапирање и силување

Post Views: 6 Во саботата во полициската станица во Кичево, приведен е Р.Л. (55) од кичевското село Колибари. Него, јавниот обвинител му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. По насоки на обвинителот, полициските службеници со приведениот водат разговори во врска со постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“.Лицето е приведено откако вчера околу 18 часот, во полициската станица во Кичево, против него е поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца...

Continue reading

Реконструкцијата на болницата Св. Еразмо ќе заврши до 2022 год

Post Views: 2 Со кредит од Светска банка ќе започне ентериерното уредување на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид. По завршување на проектот во објектот ќе се пресели и Специјалната болница за кардиологија Свети Стефан. И кардиолозите и ортопедите ќе работат заеднички во комплексот Свети Еразмо, а во кардиолошкиот завод ќе остане Центарот за рехабилитација. Според министерот Филипче има просторен капацитет за спојување на двете болници. -Еден од последните наши разговори беше тој објект таму да остане како еден центар за рехабилитација со оглед на...

Continue reading

По секој обилен дожд кај Рача се излева фекална каналзиација

Post Views: 0 На еден  од влезовите во населбата Рача по секој обилен дожд се прелеваат шахти со  фекална канализација, се жалат рачанци. Нашата  камера претпладнево  на магистралниот пат Охрид – Свети Наум регистрира барички со вода од кој се ширеше непријатен мирис. Претседателот  на Месната заедница Никола Пазаркоски  потврдува дека со овој проблем после поголем дожд  се засегнати околу 600 жители  од оваа населба. „ Да тоа е на еден  од влезовите жителите треба да поминат преку фекалии за да се вклучат на патот за во своите домови.  Испаѓа дека тие со чевлите велегуваат...

Continue reading

Пчеларите бараат намалување на ДДВ за опремата и олеснување на набавката

Post Views: 5 Охридските пчелари се присутни на  Денови  на Македонското   пчеларство  во Битола. Ова е манифестација се оргазнира по 18 пат и е место каде што ќе се сретнат производителите на мед и потрошувачите кои  ќеимаат можност да  вкусат мед и пчелни производи. Пчеларите се задоволни од годинешните приносите иако очекувале подобра година, вели претседателот на здсруженеито на пчеларите од  југозапдниот регион Менде Трајковски. „ Оваа година е некоја просечна. Подобра од лани , лани беше катасрофална. Во одредени региони е подобро  некаде полошо, но во просек е просечна во...

Continue reading

Документарец на Мартин Скорсезе ставен во фиока на неодредено време

Post Views: 3 Документарниот филм на режисерот Мартин Скорсезе кој го работеше за HBO TV за поранешниот, 42-ри по ред, американски претседател Бил Клинтон е ставен во фиока на неодредено време поради недоразбирања “околу контролата на филмот”, пренесуваат медиумите. Како што наведува New York Times, проектот кој беше најавен во 2012 година е откажан поради тоа што Клинтон барал повеќе контрола над прашањата за интервјуата, како и над финалниот производ, но неговиот портпарол одговорил дека тоа тврдење е неточно. Кабловската телевизија HBO, на која требаше филмот да се прикажува, објавила...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top