Меѓународен ден на човековите права

Голем број владини и невладини организации низ целиот свет, го прославуваат овој ден со соодветни прослави. Македонија е една од земјите каде секојдневно, голем број од овие права се кршат.

 |  Крсте Голабовски  | 
covekovi prava
Човекови права

covekovi pravaГолем број владини и невладини организации низ целиот свет, го прославуваат овој ден со соодветни прослави. Македонија е една од земјите каде секојдневно, голем број од овие права се кршат.
Денес е Меѓународниот ден на човековите права. На денешен ден пред 62 години, Генералното собрание на ОН ја усвои Универзалната декларација за правата на човекот, во која пишува дека сите луѓе се раѓаат слободни и еднакви. Но сликата во светот, во Македонија, а богами и во Охрид кажува нешто сосема друго. Сведоци сме на константно кршење на човековите права во најразличните сфери од општественото живеење. Од Микро до макро општествените заедници, буквално на секој чекор. Анета Јовановска од О. О. на „Црвениот крст“ од Охрид вели дека, иако декларациите и конвенциите одамна се донесени на светско ниво, кога истите ќе треба да се ратификуваат на ниво на држава, веднаш се јавува проблем.
Така од 1948 година, на секој човек му е загарантирано правото на живот, слобода и сигурност без какви било разлики. „Сите луѓе се родени слободни со еднакво достоинство и права“, пишува во првиот член на Повелбата за човекови права. Јовановска вели дека кај нас човековите права се кршат во најразлични сфери, па поради тоа и формите на делување на нивната организација се различни. За некои се зборува, за некои сеуште недоволно, вели Јовановска.
Во Универзалната декларација за правата на човекот стои  дека со раѓањето и првите моменти од животот, човекот веќе има загарантирани права, кои се неотуѓиви и регулирани со низа меѓународни документи. Преземајќи ја иницијативата од Универзалната декларација, Советот на Европа ја создаде Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Јованосвска потенцира, дека кај нас сеуште треба да се работи едукативно и во насока на подигање на свеста кај населението во врска со човековите права и нивното кршење.

На кратко, Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и нејзините протоколи ги гарантираат
Правото на:
живот, слобода и безбедност на личностаправично судење во граѓанско-правни и кривично-правни работи
глас и да се биде кандидат на избори
слобода на мисла, свест и вероисповест
слобода на изразување (вклучително слобода на медиумите)
имот или мирно уживање на имотот
слобода на собирање и здружување
Забрана на:
тортура, нечовечно или понижувачко постапување или казнување
смртна казна, ропство и присилен труд
дискриминација во уживањето на правата и слободите гарантирани во Конвенцијата
протерување на сопствените државјани или да им се откаже влез колективно протерување на странци
На овој ден традиционално, се доделува Наградата во полето на Човековите права на Обединетите нации и се објавува добитникот на Нобеловата Награда за Мир. Оваа година денот им се посветува на храбрите луѓе кои се борат за правата на луѓето.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top