Post Views: 2
230 деца од градинката „Јасна Ристеска“ бесплатно ќе учат англиски јазик. Веќе втора година градинката заедно со образовниот центар „ПИ СИ“ организираат бесплатни часови за дечиња од пет и шест годишна возраст. Минатата година проектот бил спроведен со една наставничка и часови посетувале само 100 деца од три групи, но поради големиот интерес кај родителите оваа година бројот на деца кои учат англиски јазик е зголемен.
Оваа година им излеговме во пресрет на родителите кај кои што имаше интерес за нивните деца да го изучуваат англискиот јазик. Ангажирана е уште една учителка...
Post Views: 2
Во СВР Охрид реализирана успешна крводарителна акција. За само еден час дарувани 10 единици крв, а до крајот на акцијата се собрале 26 крвни единици, информираат од ОО Црвен крст. СВР Охрид секогаш активно се вклучува во крводарителните акции кои се органзираат од Цревениот крст и медицинските установи, а исто така се покренуваат и самоиницијативни акции напоменува Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
„ Ова е начин да ја покажеме дирекно нашата хуманост, блискост со граѓаните и подготвеност да учествуваме во хуманите активности. Во СВР Охрид има 40 крводарители...
Post Views: 0
Американските и кинеските научници, заеднички развиле тастатура која го препознава начинот на пишување на нејзиниот сопственик и со тоа е унапредена конвенционалната компјутерска безбедност.
Тастатурата која е развиена на технолошкиот институт во Џорџија и кинеската академија на науки може да го искаже фактот дека секој човек на тастатура пишува различно.
Оваа интелегентна тастатура, наречена IKB, може прецизно да го идентификува корисникот (и натрапникот) во реално време врз основа на начинот на пишување. Тоа го прави со претворање на движењето по тастатурата во динамични...
Post Views: 0
Осум дрва денес се исечени во дворот на Црквата Св. Ѓорѓи во Горна Влашкамаала. Во нашата редакција сечата ја пријавија загрижени граѓани. Тие се револтирани од чинот на сечењето и не се согласуваат со уништувањето на стеблата стари и по неклку децении. Зад објективот на нашата камера коментираат дека зимзелените дрва и елките ги штитат од летните горештини, прашината, загадениот воздух и од уличната бучава. Велат Влашкамалци се среќаваат и се одмараат во црковниот парк и пријатното зеленило.
Неофицијално дознаваме дека од црквата се жалеле дека една од елките...
Post Views: 3
Центарот за Социјална работа Охрид, ќе му помага на семејството Демо Илбер. Како што веќе информиравме 10 членото семејство на Илбер неодамна добија решение за иселување, од бараката на ул „Кленоец“ во која живееа 15 години. Социјалниот работник Наташа Климоска за ТВМ изјави дека комплетно се запознати со состојбата на семејството Илбер, кои во Центарот веќе биле евидентирани како семејство под социјален ризик и било вклучено во системот на социјална заштита. Таа истакна дека нивните служби веќе се ангажирале да ја обезбедат потребната документација, со цел на ова семејство...
Post Views: 9
Министерството за економија ќе надоместува по 300 евра од трошоците на секое семејство за вграден сончев колектор. Граѓаните може да аплицираат за овие средства на огласот што веќе е објавен и ќе трае до крајот на мај годинава.
Министерот Ваљон Сарачини вели дека со вкупно одвоените шест милиони евра во буџетот, ќе се покријат околу 350 семејства.
„Апелирам до граѓаните масовно да се пријават на јавниот повик. Процедурата е многу едноставна, се пополнуваат соодветен образец и барање, но треба да се достави и фактура за вграден колектор“, рече Сарачини на прес-конференција,...
Post Views: 2
Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу Пресека – село Врбјани, денеска ќе има прекин на сообраќајот.
Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 14 до 16 часот.
Post Views: 0
Драгоцента течност за некој доаѓа во вистински момент. Струшките социјалдемократи пред престојните новогодишни и Божиќни празници организирано даруваа крв. Болничките легла во собраниската сала во Струга, беа премалку за сите заинтерсирани крводарители кои упорно чекаа ред за да даруваат крв. Одзивот на граѓаните уште на стартот на акцијата е на задоволително ниво, рече Александар Попоски претседателот на СДСМ Струга.Големината и значењето на гестот на дарување крв најдобро ја познаваат докторите. Тие сметаат дека никогаш не е доста од шишиња на крвни единици, бидејќи...
Post Views: 5
ЈП НИСКОГРАДБА ОХРИД- Охрид, извршува градежни активности изведба на тротоар на Бул. Јане Сандански на потегот од раскрсницата кај гимназијата Св. Климент Охридски наспроти учителската зграда во должина од 100 метри.
Овој потег кој до сега беше незаштитен и небезбеден за движење на пешаците претставуваше и проблем на жителите кои живеат на тој дел бидејќи при врнежи водата често се слева во нивните куќи и дворови.
Со оваа градежна активност се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните кои живеат на тој потег како и се зголемува безбедноста на учесниците во сообра...
Post Views: 16
По тешката и неизвесна победа над Бутел охриѓани ги очекува ново ракометно дерби. Одморени, во позитивна атмосфера го очекуваат Пролет, дирекниот конкурент за 6-тото место во Суперлигата кое носи плеј-оф. Противникот е анализиран и клучно е да се запре брзиот проток на топка помеѓу бековите кој доста често завршува до пивотменот Аларов, најдобриот играч на Скопскиот тим.
Да добро кажавте клучен натпревар за пласман во плејоф и е многу важен за нас. Се подготвуваме максимално и физички и психички. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на технички грешки. Се трудиме, работиме...
Post Views: 1
Предлог мерки и подготовки за дејствување на сите субјекти повикани за зимското одржување на патиштата, е тема на работниот состанок што на петти овој месец во 11 часот ке се одржи во хотелот Амбасадор кај Подмољје.
Работниот состанок го организира Секторот за внатрешни работи Охрид со цел ажурирање и дефинирање на работните планови и програми за работа и одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Работниот состанок ќе значи уште еден обид за синхронизирање и координирање...
Post Views: 2
Националните комисии за УНЕСКО на Република Северна Македонија и на Република Албанија, денес во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на Националните комисии за УНЕСКО.
На седницата посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО, ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Северна...