Во сабота ГРК Охрид го игра одлучувачкиот натпревар за влез во плеј-офот

Во сабота градскиот ракометен клуб Охрид го игра одлучувачкиот натпревар за пласман во плејофот. Противник на гладијаторите им е директниот конкурент Пролет, екипа која секогаш тешко се предава во Охрид. Играчите се подготвени и со нетрпение ја очекуваат поддршката од полната сала во Билјанини извори.

 |   | 

По тешката и неизвесна победа над Бутел охриѓани ги очекува ново ракометно дерби. Одморени, во позитивна атмосфера го очекуваат Пролет, дирекниот конкурент за 6-тото место во Суперлигата кое носи плеј-оф. Противникот е анализиран и клучно е да се запре брзиот проток на топка помеѓу бековите кој доста често завршува до пивотменот Аларов, најдобриот играч на Скопскиот тим.

Да добро кажавте клучен натпревар за пласман во плејоф и е многу важен за нас. Се подготвуваме максимално и физички и психички. Ќе се обидеме да го намалиме бројот на технички грешки. Се трудиме, работиме на тоа максимално и во сабота да одиграме што е можно подобро – изјави Михајло Младеновиќ.

Големиот број на технички грешки и недозволените промашувања од чисти ситуации се карактеристика на млади ракометари. Ако се знае дека градскиот ракометен клуб е најмлада екипа во суперлигата и ако се додаде важноста на натпреварот, гладијаторите се под силен притисок. 

Можеби притисокот е поголем кај младите играчи, но сепак иако сме млади имаме одиграно многу вакви натпревари во суперлигата и веќе се навикнавме на натпреварите и притисокот. Мислам дека така ќе е и во сабота и нема зошто да имаме притисок, ќе го дадеме нашиот максимум и одиме на победа – вели Мартин Иваноски.

Натпреварот ГРК Охрид – РК Пролет Скопје е закажан за сабота во 18 часот, а влезот е бесплатен. Покрај стандардната поддршка на навивачката група Рибари потребна е поддршката и од охридските љубители на ракометот. Ако некогаш на играчите им било потребно да почуствуваат колку охриѓани го подржуваат својот клуб тоа е сега, па затоа утре СИТЕ ВО САЛА!

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top