Вработените во СВР Охрид даруваа крв

Успешна крводарителна акција  реализирана во СВР Охрид. Во акцијата се  собарани 26 единици крв. Ова е начин да се покаже на директен начин хуманоста и блсиксота со граѓаните велат од СВР.

 |  Валентина Неловска  | 

Во СВР Охрид реализирана успешна крводарителна акција. За само еден час  дарувани 10 единици крв, а до крајот на акцијата се собрале  26 крвни единици, информираат од ОО Црвен крст. СВР Охрид секогаш активно се вклучува во крводарителните акции кои се органзираат од Цревениот  крст и медицинските установи, а исто така се покренуваат и самоиницијативни акции напоменува Стефан Димоски портпарол  на СВР Охрид.

„ Ова е начин да ја покажеме дирекно нашата хуманост,  блискост со граѓаните и подготвеност да учествуваме во хуманите активности. Во  СВР Охрид има 40 крводарители и тие се подготвени во секој момент да излезат во пресрет и на други здравствени установи кои  ќе покажат интерес од собирање на крвни единици,“ напоменува Стефан Димоски портпарол СВР.  
 
Крводарителната  акција на ОО ЦК била во календарот за крводарување. Днешната акција ја  органзирале заедно со Општа болница  Охрид и се задоволни од одзивот.  За само еден час од почетокот на акцијата се приклучиле поголем број  вработени во СВР , вели Анета Јованоска од ОО Цкрст.   

„Засега сме задоволни од собраните крвни единици  има 10 крводарители. До 13 часот се андеваме дека ќе ја надминеме предвидената бројка,“ вели Анета Јованоска волонтер ОО ЦК Охрид .

По завршувањето на крводарителната акција биле собрани 26 крвни единици. Од ОО ЦК напоменуваат дека Охриѓани се  хумани луѓе не само во дарување на крв туку и во другите сфери на живеење. Додаваат дека  Охрид како град  секогаш е над бројот од предвидените реалзирани кродарувања и упатуваат  голема благодарност до сите граѓани кои активно се вклучуваат во сите хумани акции.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top