Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите

Post Views: 9 Во детската градинка „Јасна Ристеска во последно време кадарот што работи со најмалите деца често се  менува. На ваквата практика реагираат загрижени родители. Тие велат дека за повеќе деца тргнувањето во градинка претставува стрес како за детето така и  за родителот, пред се од аспект на оделувањето од родителот и навикнување на детето на новата средина. Укажуваат и на тоа дека децата непознатиот простор го доживуваат со низа емоционални реакции, како што е несреќно плачење и пасивност, остро протестирање, слабо јадење како и кратко и немирно спиење. Родителот најчесто...

Continue reading

Во Охрид ќе се гради црковен музеј

Post Views: 9 Дебарско кичевската епархија ќе прави црковен музеј во кој ќе бидат сместени сите вредни икони од западниот дел на Македонија. Музејот е планирано да се гради на локацијата која се наоѓа веднаш под административната зграда на охридската митрополија. Проектот веќе се изготвува, а ќе биде финансиран од МПЦ. МПЦ се одлучи на ваков чекор бидејќи голем дел од подвижните икони кои не беа заштитени, а кои беа многу вредни се украдени. Тоа подвижно културно богастство мора да се собере на едно место и да се заштити од понатамошно уништување, вели теологот Виктор Недески. Музејот...

Continue reading

Ноември, месец на македонскиот филм во ЦК „Григор Прличев“

Post Views: 0 Ноември, месец на македонскиот филм. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ нареднава недела ќе се прикажуваат македонските класици во соработка со Вардар филм. Публиката ќе може да ги види филмовите „Хај фај“, „Три Ани“, „Среќна нова 49та“, „Планина на гневот“ и „Тетовирање“. Одамна планиравме да правиме ревија на македонски филмови за да ја анимираме публиката да ги погледне овие класици . Голем дел од гледачите веќе ги имаат гледано, но секогаш има простор за уште еднаш да се види некој убав филм. Билетот изнесува само 50 ден. Па очекуваме добра посетеност од љубителите...

Continue reading

Facebook поголем од Кина

Post Views: 6 Facebook  ги објави финансиските резултати за последниот минатогодишен квартал кој ги развесели сите акционери и така најголемата социјална мрежа во светот ги надмина сите очекувања и предвидувања на берзанските аналитичари. Во споменатиот период отстварен е приход од 3,85 милијарди долари, што е зголемување од скоро 50% во однос на истиот период лани, додека за цела 2014 година отстварен е приход од 12,47 милијарди долари, што е 58% повеќе во однос на претходната година. Освен заработката, многу важен податок е и бројот на корисници на оваа мрежа – спрема последните...

Continue reading

Пештанци бараат инспектори да ги исконтролираат одгледувачите на свињи во населбата

Post Views: 1 Во Пештани на неколку локации има кочини за одгледување свињи, од кои се шири неподнослива реа. На овој проблем се пожалија пештанци. Велат дека тоа претставува грда слика за нивното место кое е познато и признато како туристичка населба. Додаваат дека и туристите кои шетаат по  пешачките патеки кои мештаните ги викаат долови се жалеле на непријатната миризба, како што појаснува нашиот соговорник Зимоски Димче. „Во летни месеци посебно јули, август, септември кога „вечерникот“ т.н ветер кој дува навечер од планината према езерото посебно куќите кои се на ивицата од...

Continue reading

beli rozi

Бели рози за почист воздух

Post Views: 1 Белите рози, симболот на чистотата денес го разубавија училишниот двор на гимназијата “Св.Климент Охридски”. Женскиот лајонс клуб “Деница” со една симболична акција испрати порака за подигнување на свеста кај граѓаните не само за естетиката и убавината на овој убав цвет туку и за неговата функција на филтер на загадениот воздух. “Оваа симболична акција по трета година ја спроведува женскиот лајонс клуб Деница. Донираме садници на бели рози. Симболиката се состои што сакаме покрај убавината на белите рози сакаме да ја истакнеме и нивната...

Continue reading

zima

Не патувајте без потреба – лавини и затворени патни правци

Post Views: 0 Снежните врнежи наместа проследени со силен ветер затворија неколку патни правци во Македонија, а има појава и на поситни снежни лавини, соопшти претпладнево АМСМ: Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во државата се одвива исклучително отежнато и забавено по влажни и лизгави коловози и со големи остатоци од снег. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Пресека, Буково, Ѓавато, како и на патните правци крак Маврово – Дебар, Дебар – Струга и Струга – г. п. Ќафасан. Поради поинтензивни врнежи...

Continue reading

Се уредуваат тротоарите на ул. „Јане Сандански“

Post Views: 4 Се раскопува тротоарот на ул „Јане Сандански“. Тоа е градежна акција на двете Јавни претпријатија „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, за средување и партерно уредување на тротоарската површина долж улицата, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици. „ЈП Нискоградба“ е задолжено за поплочување односно бехатонирање на тротоарските површини, додека ЈП „Градски Гробишта“ е задолжено за поставување на рабници долж улицата. Согласно договорот што го имаме со „Градски Гробишта“, зафатот за оваа акција е во износ од околу 200 000 ден, додека Нискоградба...

Continue reading

bebe

Плодна година

Post Views: 2 Одделението за гинекологија и акушерство од Струга, функционира како регионално. Посебно тоа е изразено од крај на месец август годинава, кога обемот на работа на ова одделение е зголемен дури за 100%. Началникот на ова одделение Др. Мухамед Асани, вели дека во сите сегменти од работењето во гинекологијата, бележат зголемени бројки, како на раѓања, контроли, прегледи така и на сите останати услуги кои што се во тој домен. Асани додава, дека позитивниот исход во справувањето со ваквиот тек на работа, е единствениот мотив да продолжат безрезервно да си ја извршуваат својата...

Continue reading

svecena sednica

Охриѓани чествуваат 71 година слободен Охрид

Post Views: 2 Наша света должност е да ја сочуваме тешко стекнатата слобода…Пред нас и генерациите по нас ќе стои одговорноста да го почитуваме она што со крв е спечалено, да ја чуваме слободата и независноста. Ова се пораките кои силно одекнаа денес на свечената седница по повод 71 година слободен Охрид. Борци, поддржувачи, претставници од политички партии, локалната самоуправа, јавните претпријатија и граѓани денес најпрво со положување свежо цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци, а потоа и со пригодна свеченост, им оддадоа достојна почит на оние чија заслуга е нашата...

Continue reading

Тешка сообраќајна несреќа на патот Ресен-Охрид

Post Views: 6 Четири лица се повредени во тешката сообраќајна незгода која вчера околу 18:50 часот се случи на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превојот „Буково“. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Пежо“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Н.(26) од битолското село Кравари и патничко возило „Фиат пунто“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(48) од селото Златари, ресенско. Во незгодата возачот Т.Н. и малолетна сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници...

Continue reading

dimitrija

Литургија по повод празникот Митровден

Post Views: 6 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 ноември 2015 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка Маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top