Се уредуваат тротоарите на ул. „Јане Сандански“

Деновиве се работи на поставување на нови тротоари на дел од ул „Јане Сандански“. Тоа го прават екипи на ЈП „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, по налог на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици.

 |  Биљана Николовска  | 

Се раскопува тротоарот на ул „Јане Сандански“. Тоа е градежна акција на двете Јавни претпријатија „Нискоградба – Охрид“ и „Градски Гробишта“, за средување и партерно уредување на тротоарската површина долж улицата, информираат од Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.

„ЈП Нискоградба“ е задолжено за поплочување односно бехатонирање на тротоарските површини, додека ЈП „Градски Гробишта“ е задолжено за поставување на рабници долж улицата. Согласно договорот што го имаме со „Градски Гробишта“, зафатот за оваа акција е во износ од околу 200 000 ден, додека Нискоградба работи по отворен договор и налог“-Љупчо Танески – портпарол на Сектор за комунални дејности сообраќај и улици.

Танески информираше дека ќе бидат поплочени  400 метри од ул „Јане Сандански“ и доколку послужат временските прилики активностите ќе бидат готови до наредната недела. Додаде дека тука не запираат нивните активности за  средување и партерно уредување на тротоарската површина низ градот.

„Според годишната програма градежните работи ќе продолжат на некои други улици, но за недела дена би имале информација каде ќе бидат насочени екипите на ЈП“ – вели Танески.

Танески вели дека продолжува политиката на Локалната самоуправа за ангажирање на ЈП со цел да биде подобрена нивната финансиска кондиција што во голема мерка придонело и за нивна финансиска консолидација изминативе две години.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top