• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите

Да не се менуваат често воспитувачките во малите групи во градинката бараат родителите

Родители на деца од предучилишна возраст реагираат до менаџментот на детската градинка „Јасна Ристеска“, на честите промени на кадарот што работи со децата, посебно кај најмалите. Тие велат дека ваквата практика негативно делува кај нивните најмили и сметаат дека професионалниот развој на негувателките и на воспитувачките е неопходен за грижата на децата точно во првиот степен во воспитно-образовниот процес на децата.

 |  Николоска Биљана  | 

Во детската градинка „Јасна Ристеска во последно време кадарот што работи со најмалите деца често се  менува. На ваквата практика реагираат загрижени родители. Тие велат дека за повеќе деца тргнувањето во градинка претставува стрес како за детето така и  за родителот, пред се од аспект на оделувањето од родителот и навикнување на детето на новата средина. Укажуваат и на тоа дека децата непознатиот простор го доживуваат со низа емоционални реакции, како што е несреќно плачење и пасивност, остро протестирање, слабо јадење како и кратко и немирно спиење. Родителот најчесто на детето воспитувачката му ја претставува како личност која ќе се грижи за него додека тој не е тука. Точно поради тоа секоја промена на кадарот кај децата предизвикувал дополнителен проблем. Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска, не ја негира таквата практика, вели дека минатата година работејќи по проект направиле неколку промени на кадарот, а годинава имало поголеми промени во тој дел, но таа има свое објаснување за тоа.

„Доколку децата ги врзуваме за една, личност, воспитувачка или негувателка тоа е погрешен пристап. Тие треба да се запознаваат со повеќе карактери од возрасни лица, како и со нивниот метод и начин на работа, со цел као поспремни би оделе во основното училиште. Доколку таквата промена не се случува додека престојуваат во градинка многу тешко децата се прилагодуваат односно при одењето во основното училиште кога веќе комплетно му е сменет амбиентот од градинка во училиште и од домашни услови со нови учителки, нов метод на работа, поинаква организација на часовите “

Директорката појаснува дека во градинката работат на 13 проекти. Таа смета дека за реализација на проектите било потребно помлад кадар, поради нивната поголема концентрација, енергија и ангажман.

„Сите деца од 2 годишна возраст се вклучени во проектите, меѓутоа понекогаш само ги следат активностите од повозрасните другарчиња. Кога би ангажирале човек кој што е година или шест месеци пред пензионирање мислам дека е доволен одговорот на прашањето кое ми го поставивте, затоа што прво методот на работа е поинаков, друго можностите физичките и психичките способности на тие луѓе се намалени“.

Костеска вели дека на повозрасниот персонал во установата им излегувале во пресрет така што ги ставале во групите со помали деца,  каде имало помали барања околу воспитно образовната програма. Додека пак помладите воспитувачки можеле да се докажуваат и да внесуваат поголема креативни активности за  дечињата во поголемите групи.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top