Journalift about TVM Ohrid

Journalift платформата објави статија за „Ти си твојот град“

Post Views: 8 ТВ М успешно го имплементира проектот „Ти си твојот град“, чија цел е да ги доближи граѓаните до медиумот, охрабрувајќи ги да станат ангажирани граѓани во процесите во заедницата, пишува во статијата објавена од Journalift. Регионалниот медиум ТВМ идејата за вклучување на граѓаните во своето известување ја подигна на повисоко ниво – таа како дел од проектот „Media for All“,  ги покани граѓаните да споделуваат фотографии и видеo–содржини, кои укажуваат на проблеми во општината. Освен тоа, таа обучи и неколку граѓани да известуваат – пишува...

Continue reading

turisti

Кој не ја платил туристичката такса, ќе плаќа глоба

Post Views: 12 Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе вршат увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој...

Continue reading

Пријави проблем, одговори го прашалникот, вклучи се!

Post Views: 0 Граѓанинот е двигател во едно демократско општество, а медиумите коректор на власта. Доколку сте засегнати од некаков проблем во општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца споделете со нас. Пополнете го прашалникот и пријавете лоши практики и однесување, непочитување на законите, криминал, корупција, недоследности, предизвици, секојдневни проблеми од општественото и социјалното живеење. Прашалникот можете да го пополнете ТУКА. Од Вас очекуваме предлози и сугестии за теми кои сакате да ги обработуваме. Ви стоиме на располагање да ни испраќате проблеми и недоследности од...

Continue reading

sednica

Во петок советниците повторно ќе прашуваат

Post Views: 3 За петок е закажана 47-та седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред на ова издание на седницата на Советот на Општината, предвидена е само една точка на дневниот ред, односно советнички прашања. Седницата е закажана за 11 часот во големата сала на општината.

Continue reading

Рилкоски: Доколку политичките партии играат фер пјеј, ќе имаме фер и демократски избори

Post Views: 6 ДИК интензивно се подготвува за парламентарните избори во април. Се детектираат пропустите во изминатите избирачки процеси со цел да се анулираат или целосно отстранат. Најголем проблем за спроведување на фер и демократски избори се ненавремениот увид во избирачките списоци, влијанието и притисоците од политичките партии врз гласачите и членовите на избирачките одбори, притисоците и манипулациите кои се вршат врз гласачите од ромска националност. Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски вели дека еден дел од пропустите ќе се отстранат со додатни обуки...

Continue reading

Нов вирус се шири по Facebook

Post Views: 3 Корисниците на Facebook веќе се навикнаа секој месец на нивниот news feed да се појавуваат видео записи со порнографска или слична содржина во кои се означени бројни пријатели. Иако на сите веќе треба да им биде јасно дека таквите видео записи не прикажуваат секс на одредени личности туку кријат malware, но и понатаму бројни корисници кликаат на нив и на тој начин доаѓаат до заразување на нивните компјутери и понатамошно ширење на вирусот. Експертот по безбедност, Mohammad Faghani предупредува дека во изминатите неколку дена по Facebook повторно се шири вирус кој досега...

Continue reading

studenti

Охридските студенти задоволни од студенскиот живот

Post Views: 3 Студентите од ФТУ се задоволни од нивниот академски статус. Сепак нивните размислувања за студенскиот живот и стандард не сакаа да ги коментираат јавно и буквално бегаа пред објективот на нашата камера. Похрабрите кои сепак се одважија да одговорат кажаа како е денес  да се биде студент. Рекоа дека се задоволни од студенскиот живот. Студентите при тоа не кажаа ни збор каков  студентскиот стандард и дали се високи  трошоците  за школарина. Не се произнесоа ни за новиот Закон за високо образование. На прашањето дали размислуваат по завршувањето на студиите  да останат...

Continue reading

prva pomos

Во Охрид ќе функционира тренинг и симулациски центар за југозападниот регион

Post Views: 2 Од утре во Здравствен дом Охрид ќе старува со работа Тренинг и симулациски центар. Овој центар е еден од петте во земјава кој ќе ги опфати општините од југозападниот регион, а се отвара со поддршка на Министерството за здравство. Ваквите центри се новина и се дел од јавната здравствена установа Тренинг и симулациски  центар од Скопје, информира д-р Горан Симјаноски, раководител на Итната медицинска помош во Охрид и овластен  едукатор. „ Новина е што во тренинг и симулацискиот центар ќе се врши обука не само на лекари, туку и на медицинските тимови во итната медицинска...

Continue reading

tablicki fail

Од понеделник шизички таблички

Post Views: 24 Нови регистраски таблици спремни за граѓаните. Со ознаки МК, 4 бројки и букви од градот од каде е регистрирано возилото.Овие таблици уште од понеделник се готови за сите кои сакаат да ги променат старите. Цената е 1200 денари.Доколку на новите таблици граѓаните сакаат да го додадат своето име или пак друг збор кој за нив е од посебно значење, задоволството ќе ги чини 1200 евра. Содржината не смее да биде навредлива, а на таблиците има место за 9 букви. До нова таблица се стигнува и при регистрација на авотомобил. И возилата кои се штотуку купени веднаш ќе осамнат со...

Continue reading

elka

Охрид за Нова година ќе биде поразличен и поубав од лани

Post Views: 1 Охрид за новогодишните празници ќе биде уште поубав и поукрасен од лани, најавуваат од Локалната самоуправа. Во Одделението за јавни набавки во тек е изготвувањето на тендерот за новогодишно украсување на градов. Ќе се бара најдобриот понудувач кој ќе го облече Охрид во новогодишно руво. Интензивно се размислува и за програмата со која охриѓани и гостите ќе се забавуваат на градскиот плоштад. „Охрид од година во година треба да биде што поубаво украсен. Тоа е интенција на оваа локална власт. Издвоени се средства од буџетот за оваа намена, сега треба да се запазат законските...

Continue reading

Промовирани торбешката декларација и повелба

Post Views: 8 Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава. Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели...

Continue reading

klic

Демо Илбер доби клуч од социјален стан

Post Views: 0 Демо Илбер денес доби клуч на рака од стан во социјалната зграда во Охрид. Со тоа е решено  станбеното прашање на десетчленото семејство. Илбер пред нецел месец  на нашиот медиум јавно ја сподели неговата животна сторија, како во дрвена барака живее во супстандардни услови, која требеше во рок од осум дена да ја напушти. Денес тагата на Демо заменета е со слози радосници.  „За мене овој стан, е како повторно да се родив, пред се заради децава, овие услови верувам дека ќе се многу подобри за моите деца. Децата често ми се разболуваа во бараката секој месец одев во Скопје...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top