Охридските студенти задоволни од студенскиот живот

Охридските студенти задоволни од студенскиот живот.

 |  Валентина Неловска  | 
studenti

Студентите од ФТУ се задоволни од нивниот академски статус. Сепак нивните размислувања за студенскиот живот и стандард не сакаа да ги коментираат јавно и буквално бегаа пред објективот на нашата камера. Похрабрите кои сепак се одважија да одговорат кажаа како е денес  да се биде студент. Рекоа дека се задоволни од студенскиот живот.

studentiСтудентите при тоа не кажаа ни збор каков  студентскиот стандард и дали се високи  трошоците  за школарина. Не се произнесоа ни за новиот Закон за високо образование. На прашањето дали размислуваат по завршувањето на студиите  да останат во државава или ќе заминат во  странство,  студентите, поделени во размислувањата. Некои се гледаат дома додека другите размислуваат за странство.
Од она што успеавме да го дознаеме од студентите зад камерата на ТВМ е дека на  факултетот веќе 5 години не функционира  студенската организација АИСЕК. За студенскиот парламент пак велат дека не функционира  како што треба освен кога станува збор  за организирање на студенски забави. Бојан Карадимче претседателот на студенскиот парламент при ФТУ пак ги отфрла овие обвинувања.

studenti„ Не  е точно. Како што кажав студентите не се доволно заинтересирани за студенскиот парламент. Нема студенти за да се запознаат со проектите кои ги презема  студенскиот паралемт,“ укажува Карадимче.

Карадимче напоменува дека на нивна адреса досега нема поднесени приговори и забелешки на кои би се жалеле студентите.  
Инаку, меѓународниот ден на студентите се одбележува како спомен на трагичниот настан што се случил на 17 Ноември 1939 година во Прага. На тој ден се задушени студентските демонстрации против нацистичката окупација на Чешка. Повеќе од 1200 студенти биле пратени во логори при што биле стрелани 9 професори и студенти. Причината за овој трагичен настан всушност е убиството на еден студент на универзитетот во Прага од страна на нацистите, неколку дена пред демонстрациите. Повеќе од 1000 студенти дошле на последното испраќање на својот колега чиј погреб се претворил во антинацистички собир.
Меѓународниот ден на студентите од тогаш станал симбол за студентските страдања во целиот свет. За прв пат се одбележува 1941 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top