Post Views: 6
Во сабота, 26-ти февруари ќе се одигра долгоочекуваното градско дерби помеѓу екипите на Воска Спорт и ГФК Охрид Лихнидос во рамки на 17-тото коло од Втората македонска фудбалска лига-Запад.
Натпреварот е закажан за 14 часот, а ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“.
Инаку, во минатото коло екипата на Воска Спорт освои победа над Кадино со резултат 0:2, додека натпреварот ГФК Охрид Лихнидос-Вардар заврши нерешено (0:0).
Воска со 35 бодови се наоѓа на второто место на табелата, а Охрид Лихнидос во моментов е на седмото место со 16 бодови.
Како ќе заврши градското...
Post Views: 0
Две катни гаражи треба да никнат во Охрид. Според најавите на првиот човек на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов, отпочнувањето со реализацијата на овој капитален проект треба да се случи на почеткот од 2016 год. Очекуваме да изнајдеме заеднички јазик со нашите сограѓани, вели Грозданов.
„Се тоа зависи од експропријацијата и од обесштетувањето на граѓаните којшто имаат имот таму и дооформувањето на оваа парцела. Поточно, ќе имаме проектирање, но и тендер, јавна набавка и доколку биде успешен јас се надевам дека ќе...
Post Views: 3
Се затвораат вратите на Спортската сала Билјанини извори за имунизација на граѓаните. Охриѓани ќе може да се ревакцинираат во спортската сала до 16 јули, а потоа следува измена на локацијата каде што ќе продолжи имунизацијата на населението, инфoрмира д-р Ајсел Зејноска, директорка на Здравствен дом- Охрид.
„Од понеделник 19 јули се префрламе во модуларната болница. Сите лица што ја примаат втората доза на Фајзер, Синовак и Синофарм ќе ја примаат во модуларната болница“.
Паралелно со вакцинацијата и ревакцинацијата тече и теренската вакцинација без закажување термин....
Post Views: 0
„Односите со јавноста и градењето имиџ и доверба кај граѓаните“, беше тема на работилницата што вчера се одржа во СВР Охрид.
Целта на работилницата и пригодните предавања што ги следеше целокупното раководство на СВР Охрид и на полициските станици од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, беше поблиско запознавање со организацијата на односите со јавноста, запознавање со алатките за односи со јавноста и со комуникациските вештини како и подобрување на транспарентноста на полицијата и ефективна внатрешна и надворешна комуникација.
Пред присутните раководители, се зборуваше...
Post Views: 1
Охридските ракометари синоќа остварија победа над еден од директните ривали за плејофот. Во салата „Биљанини извори“ тие ја совлаадаа екипата на „Вардар јуниор“ со 23-18.
Нови три бодови за охридските гладијатори на табелата на Супер лигата. Тие синоќа во СРЦ „Биљанини извори“ во дербито во деветтата рунда го совладаа Вардар Јуниор со 23-18 (11-9).Избраниците на Горан Андоновски имаа целосна контрола на играта и победата над еден од директните ривали за плејофот е сосема заслужена.
Охриѓани само во вториот дел имаа неколку минутна криза во играта, кога гостите успеаја...
Post Views: 14
Осум лица се осомничени за членство во џихадистичка ќелија која праќала борци во Сирија и истите се уапсени утрово во Париз и Лион, изјавил францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazaneuve.
“Уапсените се сите во притвор а се осомничени за припадност на џихадистичка ќелија која организирала регрутирање и праќање војници во Сирија”, рекол министерот.
По извори блиски на случајот, станува збор за седум мажи и една жена по потекло од Турција. “Три лица биле во Сирија и оттаму се вратиле во декември”, истакнал изворот.
Министерот Cazaneuve нагласил дека до апсењето...
Post Views: 2
Поради планирана интервенција на екипите на АД МЕПСО за замена на проводници на 110 кВ далекуводи на преносната мрежа на потегот Ресен-Охрид –Струга, на 19.11.2015 во периодот од 12:00 до 15:00, можно е да има повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија.
„Во тој период снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населените места на територијата на Општина Охрид и Општина Дебарца ќе се изведува преку алтернативните врски на оваа траса. Ако има промени во оптоварувањата и зголемена потрошувачка, можни се кратки прекини на испораката на електрична...
Post Views: 1
Кога одите на пазарување треба да отворите четири очи бидејќи во супермаркетите често се случува на производот изложен на рафт да има една цена, а кога ќе плаќате на каса продавачот да ви каже друга, најчесто повисока цена. Граѓаните реагираат и укажуваат дека тоа се недоразбирања кои најчесто се поврзани со ценовникот или со неправилно означување на производите. Најчесто цехот го плаќаат помалку внимателните купувачи, бидејќи овие трговски трикови многу тешко можат да се забележат кога се купува во поголеми количини.
Од Организацијата на потрошувачи во Охрид велат дека...
Post Views: 2
Македонскиот Мистер Стефан Лошковски се закити со наградата Mister Sea World.
Од интернационалниот избор „MISTER SEA WORLD 2012“ кој годинава се одржа во Перу, Стефан се врати дома со две титули. Покрај наградата Мистер на светот, во конкуренција од десетина финалисти од целиот свет тој е избран и за „најубаво лице“.
-Имав силна конкуренција затоа што на изборот имаше фини момчиња. Горд сум на оваа титула која и ја посветувам на мојата земја. Сега сигурно знам дека и Перу слушна за Македонија, вели Лошковски.
Инаку 20-годишниот Стефан Лошковски од Скопје е ватерполист...
Post Views: 14
Охриѓанец се жали на превисоката цена од 36.000 денари за купување на гробна парцела во ЈП Градски гробишта. Оваа цена е за гробните парцели во муслиманскиот дел веднаш на самиот влез од гробиштата, напоменува граѓанин. Вели дека ќе покрене иницијтива пред уставниот суд за превисоката цена. Додава дека му смета и тоа што уплатите за гробните места не може да ги изврши преку банка, туку мора да уплаќа во јавното претпријатие и за тоа добива сметкопотврда.
„Во муслиманските гробишта има дискриминација. Поголем дел од гробните места имаат една цена од 300 евра, а друга...
Post Views: 0
Мултиетничкиот проект на НВО „Езерка“, „Пунте“ и „Толеранца“ од Струга „Разликите се наша предност“, се поактуелен . Годинава за прв пат на Божиќна софра сите заедно уште еднаш докажаа дека верата луѓето ги зближува.
Политиката настрана од верата. Ова е пораката на свештеникот и оџата, на денешниот Божиќен ручек, кој се одржа по повод празниците во угостителскиот објект „Св. Ѓорѓија“ во Струга. Овој настан стружани ќе го запаметат и ќе го споменуваат долго, бидејќи ова се случува за прв пат во овој специфичен мултиетнички град. Проблемот на комуникација кој што се наметна...
Post Views: 1
Водата за пиење од градскиот водовод во охридското поднебје е исправна, истата редовно се хлорира и се вршат сите потребни анализи, тврди првиот човек на МЈП Проаква Р.Е. Водовод Охрид Томе Паскалоски.
„Согласно правилникот за исправност на водата од 2008 год, значи Центарот за Јавно Здравје врши секојдневни анализи, вршат нашите вработени, анализи кои не се валидни пред другите органи, паралелно се врши контрола од Центарот за јавно здравје и два пати годишно се врши од републичкиот Центар за јавно здравје, водата е исправна на сите избирачки места со сите мостри што...