Градското дерби Воска Спорт-Охрид Лихнидос во сабота на „Билјанини извори“

Градското дерби ФК Воска Спорт-ГФК Охрид Лихнидос во сабота пред охридската публика. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 14 часот.

 |   | 

Во сабота, 26-ти февруари ќе се одигра долгоочекуваното градско дерби помеѓу екипите на Воска Спорт и ГФК Охрид Лихнидос во рамки на 17-тото коло од Втората македонска фудбалска лига-Запад.

Натпреварот е закажан за 14 часот, а ќе се одигра на стадионот „Билјанини извори“.

Инаку, во минатото коло екипата на Воска Спорт освои победа над Кадино со резултат 0:2, додека натпреварот ГФК Охрид Лихнидос-Вардар заврши нерешено (0:0).

Воска со 35 бодови се наоѓа на второто место на табелата, а Охрид Лихнидос во моментов е на седмото место со 16 бодови.

Како ќе заврши градското дерби останува да видиме оваа сабота на „Билјанини извори“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top