Post Views: 10
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски не се сложува со последната изјава на неговиот коалиционен партнер од НСДП, Тито Петковски, кој за унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека го поттикнува национализмот и дека е автократ. Ваквите изјави, според Црвенковски, можат само да ù наштетат на Република Македонија.“Ние не стоиме зад неа. Со оглед на тоа какви се состојбите на демократски план во одделени земји членки на Европската Унија, пред сè тоа е задача на јавноста и политичарите во тие земји”-Бранко Црвенковски – претседател на СДСМ.Коментирајќи ги најавите...
Post Views: 0
Учениците кои ја следат едукативната БРЕИНОБРЕИН програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини, денес имаа единствена можност, од претставници на Друштвото за управување со отпад „НУЛА ОТПАД“, да се запознаат со постапките за отстранување на отпадот на начин што е прифатлив за животната средина, со акцент на електрична и електронска опрема и отпадни батерии.
Најмладите и практично можеа да го отстранат електронскиот отпад и отпадните батерии кои ги донесоа од своите домови или најдоа во своето опкружување, со ставање на истите во...
Post Views: 3
Од први јули важи одлуката на РКЕ со која граѓаните ќе плаќаат повисока електрична енергија за 12. 36 проценти. Намалувањето на ДДВ- то од 18 на 5 проценти требаше да ја компензира оваа одлука која ќе удри по семејниот буџет на граѓаните, но законот сеуште е во законска процедура, а броилата веќе мерат по новата тарифа.
Новите сметки за потрошена електрична енергија ќе бидат дел пресметани по старата тарифа пред да биде донесена одлуката, а дел со новата пресметка, што значи дека повисока струја ќе плаќаме се додека законот за намалување на ДДВ не помине на Собрание.
–Mоментално...
Post Views: 6
Повеќе рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2000 метри, сто парчиња риба Охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци на риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.
Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделие по целата должина на северо-западната езерска гранична линија но и во останатиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници...
Post Views: 2
Добра компјутерска конфигурација и супер брза интернет конекција е сонот на секој гејмер кој сериозно се занимава со некој електронски спорт. Охридските гејмери веќе не мора да сонуваат. Тие од вчера го имаат првиот гејминг центар во кој можат да тренираат напорно и да стигнат до самиот врв на електронските игри во светски рамки. Нашата најпозната counter strike дружина која жари и пали на светските гејмерски турнири, момците од Entity, го создадоа она што според нив им недостигало додека тие го граделе својот пат до успехот во електронските спортови. Јован Каланоски,...
Post Views: 0
Дел од индустриските капацитети и хали во градов кои не се во функција, потенцијална можност за домашни или странски инвеститори. Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој објави два јавни повици на кои се бараше од сите стопански субјекти, правни или физички лица кои поседуваат вакви капацитети, а истите не се во функција, да ги презентираат пред локалната и со тоа да станат дел од сите потенцијални браунфилд инвестиции кои би се реализирале во градов, било тоа да се странски или домашни инвеститори.
“Досега се пријавени вкупно...
Post Views: 14
Американецот James Robertson (56) од Детроит, кој се најде во средиштето на вниманието на американските и светски медиуми со тоа што секој ден до работното место и назад пешачи по 33 километри, наскоро благодарение на акцијата на доброчинители, ќе може да си дозволи не еден автмобил туку цел возен парк.
Импресиониран со работната етика на Robertson, кој и покрај секојдневното одење никогаш не задоцнил на работа, студентот Evan Leedy (19) покренал интернет фондација со цел да се соберат доволно пари за да може Robertson да купи автомобил.
За само неколку дена во фондацијата,...
Post Views: 1
Петта по ред меѓугенерациска средба на пензионерите од месниот огранок Горна Влашка Маала и учениците од ОУ „Христо Узунов“. На оваа традиционална средба, што е проект на Европската унија, а ја реализира Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, присутните ги поздравија претседателот на Месниот огранок Милан Малчески, директорот на О.У „Христо Узунов“ м-р Тони Симоноски, претседателот на ЗП на Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, а од Локалната самоуправа заменик градоначалникот Ангел Јанев.
По заедничката средба на пензиoнерите и учениците на тема: како се...
Post Views: 14
Православните верници денес го слават празникот Собор на свети Архангел Михаил односно светиот дух Архангел (ангел) Михаил, првиот ангел за кој се верува дека му е рамен на Бога. Аранѓеловден е втората најголема слава кај нашиот народ, пред Ѓурѓовден. Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица. Во народот исто така постои верување дека на овој ден не треба да се обавуваат никаки домашни работи, метење, перење, чистење…...
Post Views: 13
Ширум Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина пластениците се оштетени заради големи количества снег и ниски температури. Оние што ќе имаат најголема корист од ваквата состојба најверојатно ќе бидат одгледувачите од Македонија, смета Б92.
Единствена соседна земја, која не е погодена од ниските температури, се вели во веста, е Македонија, така што тамошните производители на ран зеленчук веројатно ќе имаат корист од ваквата состојба, јавува Б92.
Кога станува збор, пак, за македонските потрошувачи, ова значи дека раниот зеленчук во земјава ќе биде многу скап...
Post Views: 5
Охридските улици „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, биле некомплетно реконструирани. Ваквата забелешка ја изнесе советничката од редовите на охридските социјалдемократи, Жаклина Лазаревска. Таа кажа дека до неа се пожалиле граѓани од ул „Ристо Чадо “, кои тврдат дека цевоводот кој поминува од нивната улица е со азбестни цевки кои имаат одредено штетно влијание.
„Дали за 700 – 800 метри односно за 800 евра не би било подобро да ги замените на Ристо Чадо со соодветни водоводни цевки. При пуштење и реконструкција на ул. „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“, што за мене е добра работа,...
Post Views: 1
Вевчанци преку своите маски упатуваат порака до светот, да се елиминира лошото, а мислите да се насочат кон позитивно и поквалитетно работење на сите креатори на општествениот и политичкиот живот во земјава.
48 часовна апсолутна слобода на телото и умот. Тоа е нараскинлив дел од традиционалниот вевчански карневал и на сите учесници во него, кој веќе бележи 1400 години од своето постоење. Во знак на православна нова година- Василица, на овој ден во струшкото село Вевчани се јадат колбаси, комат, а најповеќе се пие вино и топла ракија. Добрите познавачи на адетите за овој...