Свети Архангел Михаил денес ќе ги посети болните

Празникот Собор на свети Архангел Михаил се празнува на 21-ви ноември според новиот или на 8-ми ноември според стариот календар. Меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили. Наречен е Собор на свети архангел Михаил, зашто архангел Михаил е војвода на целата ангелска војска.

 |  Николоска Биљана  | 

Православните верници денес го слават празникот Собор на свети Архангел Михаил односно светиот дух Архангел (ангел) Михаил, првиот ангел за кој се верува дека му е рамен на Бога. Аранѓеловден е втората најголема слава кај нашиот народ, пред Ѓурѓовден. Постојат многу традиционални народни верувања за овој ангел. Се верува дека тој ги посетува сите болни луѓе. Многу од христијаните веруваат дека е жив, па за неговата слава не прават пченица. Во народот исто така постои верување дека на овој ден не треба да се обавуваат никаки домашни работи, метење, перење, чистење… Се верува и во тоа, дека на денешен ден Архангел Михаил слегува на земјата во вид на патник или просјак, и луѓето ги потсетува дека треба да се биде добар кон секој и да му се помага на оној кој е во неволја.
Постои верување дека на денешен ден треба да се молиме за оздравување, бидејќи Архангел Михаил посебно им помага на болните и немоќни луѓе. Денес именден слават Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top