Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Post Views: 6 По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии Порака Нова од Струга организира настан за одбележување на денот насловен како Инклузивна Уметност, кој ќе се одржи во четврток, 03/12/2015 во Центарот за култура Григор Прличев во Охрид, со почеток од 18:00 часот. Настанот се организира во соработка со Здружението на слепи од Охрид, Здружението на слепи од Струга, Здружението на глуви и наглуви лица од Охрид, Здружението на глуви и наглуви од Струга,...

Continue reading

pastrmka

Мрест на охридската пастрмка и на струшкиот дел

Post Views: 3 Започна  традиционалниот вешатачки мрест на охридската пастрмка и на струшкиот дел од езерото. Вчера во близина на рибарското село Радожда беа фрлени мрежи и се уловија 55 кг риба од кои се собрани 50.000 икра.  Во мрестилиштето во Шум се очекува годинава да бидат инкубирани од 500.000 до 1.000.000 зрна икра. Целокупниот мрест финансиски е поддржан од Министерствот за земјоделство, шумарство и водостопанство со 2,5 милиони денари. Мрестот се одвива под надзор на Државниот инспекторат за земјоделство. {loadposition content9}

Continue reading

црква

Празнично одбележување на „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“

Post Views: 6 Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 6 декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети...

Continue reading

Санкционирани 15 возачи во Охрид поради непрописно престигнување

Post Views: 7 На 05.01.2022 година од 12 до 16 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Охрид. Притоа санкционирани се 27 возачи, од кои 15 на територија на Охрид, шест на територија на Дебар, пет на територија на Струга и еден на територија на Кичево. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта – се вели во соопштението...

Continue reading

Да се врати заштитната ограда на тротоарите kaj ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 22 Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата. Дополнителен проблем преставува и отстранувањето на заштитната ограда на тротоарите која беше тргната при градежните зафати на улицата „Питу Гули“. Родителите бараат...

Continue reading

Општина Дебрца: Јавен повик за пријавување на штети на земјоделски насади предизвикани од атмосферската непогода–град

Post Views: 6 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината во деновите: 09 и 10 Јули 2021 година да ја пријават штетата на своите култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца. Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца. Покрај барањето секој барател треба да достави: копие од лична карта со изјава...

Continue reading

ck

ОО Црвен крст го одбележа денот за заштита од ХИВ/ Сида

Post Views: 5 На информативен пункт на плоштадот кај чинарот OO на Црвен Крст го одбележа денот за заштита од хив/сида. Волонтерите на организацијата делеа информативен материјал  за заштита од ова сексуалнопреносливо заболување. Акциите од овој вид се наменети кон младата популација , напоменуваат волонтерите од  охридскиот ЦК. „Најголемата едукација за сексуалните преносливи болести се одржуваат во Црвен крст и во основните и средните училишта. Обрнуваме внимание на децата и младите  од 13 до 25 годишна возраст.Волонтерите ги пренесуваат сите превентивни мерки против сексуално преносливите...

Continue reading

„Камера 300“ во Охрид

Post Views: 0 Основците од Св. „Климент Охридски“ се едуцираа како се прави еден документарен филм. Преставници на фестивалот за аматерски документарен филм „Камера 300“ денес беа гости во ова училиште и на учениците им пренесоа дел од тајните околу снимањето на документарните филмови. Дел од учениците на ова основно училиште минатата година го снимија играно документарниот филм Ана Франк со кој учествуваа на конкурсот  Холокаустот низ детските очи, а со истиот филм се пријавиле и на конкурсот за аматерски филм на „Камера 300“. Нашето училиште  е едно од ретките кое обрнува внимание...

Continue reading

Наскоро симнување на тајноста за нападите на 11 септември

Post Views: 0 Многу прашања се подигнати оваа седмица околу делот на документи од извештајот за Конгресот, кои се протегаат на 28 страници, за сведочењето на Zacarias Moussaoui, екс оперативец на Al Kaida кој се наоѓа во затвор и кој тврди дека големи донатори на терористичките организации во 90-тите на минатиот век биле високо позиционирани функционери на Саудијска Арабија. Саудиските функционери сите овие обвиненија ги отфрлиле. “САД и Саудијска Арабија одржуваат силни врски во борбата против тероризмот, како клучен елемент на нашето широко и стратешко партнерство”, рекол Josh Earnest,...

Continue reading

општински совет

Охридскиот совет за безбедност во сообраќајот ги слушна потребите на глувите лица за поголема безбедност на улиците

Post Views: 0  Избледени пешачки премини, злоупотреба на паркинг местата обележени за лицата со инвалидитет, како и  немање тротоар и неосветлена улица кон хотелот Извиднички се само дел од сообраќајните проблеми кои ги мачат глувите и наглуви лица од Охрид. Сепак тие се задоволни што општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот за прв пат дојде и ги слушна нивните проблеми во сообраќајот. „Проблеми има  за пешаците со обележување на патеките, паркирањето и апел до возачите да возат побавно. Тешко е да си пешак, а уште потешко да си глув пешак. Задоволни сме од оваа средба, вели...

Continue reading

Се подготвува терен за асфалтирање на ул „Сирма Војвода“

Post Views: 2 Се решава деценискот проблем на жителите на ул „Сирма Војвода“ во Охрид. Овој раскопан, каллив и проблематичен потег наскоро ќе заличи на вистинска улица, асфалтирана со уредна тротоарска површина и осветлена. Машините веќе се на терен, во моментов како што појасни гласноговорникот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески се подготвува теренот за големиот зафат. Додаде дека бидејќи станувало збор за поголем обем на работа, градоначалникот Никола Бакрачески решил  на реконструкцијата на оваа улица да и даде поголем приоритет. „Во текот на вчерашниот...

Continue reading

princeza Jelisaveta

Принцезата Караѓорѓевиќ ќе ја посети Македонија

Post Views: 1 Принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, се воодушеви од вкусот на македонските вина и сирењето на нашиот штанд на Саемот за туризам во Белград, па одлучи да ја посети Македонија. Таа на македонскиот штанд на саемот за туризам во Белград се запозна и со историските вредности и севкупните  туристички  потенцијали на Македонија. -Со особено задоволство  ја прифаќам поканата да  бидам почесен гостин на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, во месец мај, оваа година и одблиску да ги доживеам убавините на Македонија, истакна принцезата.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top