Празнично одбележување на „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

 |  Голабовски Крсте  | 
црква

каменскоДебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 4 декември 2015 година (петок), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 6 декември 2015 година (недела), ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти, и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top