Да се врати заштитната ограда на тротоарите kaj ОУ „Христо Узунов“

Родителите на децата кои учат во ОУ „Христо Узунов“ бараат да се зголеми безбедноста при нивното доаѓање на училиште. Кажуваат дека улицата „Питу Гули“ е доста опасна, а одкога била отстранета заштитаната ограда на тротоарите проблемот уште повеќе се зголемил. Директорот на училиштето ветува дека оградата ќе биде поставена уште на почетокот на наредната недела, а ќе се стави и вертикална сигнализација.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Сообраќајната раскрсница на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“, во близина на основното училиште „Христо Узунов“, е опасна по безбедноста на пешаците. Сообраќајот не се регулира со помош на светлосна сигнализација па учениците се жалат дека возачите не секогаш ги почитуваат сообраќајните правила на пешачките премини. Понекогаш возилата застануваат за да поминеме, а понекогаш не, раскажуваат децата. Дополнителен проблем преставува и отстранувањето на заштитната ограда на тротоарите која беше тргната при градежните зафати на улицата „Питу Гули“. Родителите бараат под итно да се постави оградата како нивните деца би биле побезбедни.

Ние како училиште реагиравме веднаш да се постави оградата бидејќи најважна ни е безбедноста на учениците. Всушност кога ја поставивме имаше двојна улога да ја зголеми безбедноста но и да ги спречи возилата да се паркираат на тротоарите, вели Тони Симоноски- директорот на ОУ „Христо Узунов“.

Директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски вели дека тие веќе испратиле барање до локалната за поставување на оградата и добиле позитивен одговор.

Контактиравме со Фондот за комунален развој и со ЈП „Нискоградба“ и ни ветија дека уште од понеделник ќе ја постават заштитната ограда на тротоарот кој е од страната на училиштето, вели Симоновски.

Директорот инсистира покрај на тротоарот заштитна ограда да се стави и на раскрсницата , а што поскоро да се стават во функција и семафорите и тоа оние класичните со црвено, жолто , зелено бидејќи нив најдобро ги распознаваат учениците. Семафорите на допир кои беа поставени пред реконструкцијата на улицата не беа прифатени од учениците.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top