strajk sudski sluzbenici

И охридските судски службеници на штрајк

Post Views: 1 Судските административци од охридскиот суд се приклучија на предупредувачкиот штрајк на своите колеги од останатите судови во Република Македонија, а како резултат на растечкото незадоволство од измените во Законот за судска служба кои се на сила од февруари годинава. Судската администрација бара отпочнување на постапка за измена на овој закон бидејќи според нив истиот е дискриминирачки, ја деградира професионалноста на кадрите барајќи доказ за познавања на странски јазици и компјутерско работење, потоа непостоење на одредби за додаток на плата за кариера на судските...

Continue reading

multietnicka sorabotka

На добар пат, во надминување на разликите

Post Views: 0 Денес започна зимската мултиетничка школа на која учествуваат деца од различна етничка припадност.Постојат повеќе бариери кои се пречка за надминување на разликите помеѓу различните мултиетнички групи. На ова тема веќе подолг период работат трите струшки здруженија „Езерка“, „Толеранца“ и „Пунте“. Тие деновиве се на заедничка работилница во Охрид каде ги финишираат работите околу проектот „Разликите се наша предност“. Децата се најдобра категорија со која може да се работи на подобрување на муѓучовечките односи и подобрување на комуникацијата меѓу нив, смета Проф. Др....

Continue reading

prekina

Минирање и прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Post Views: 2 Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денеска ќе има прекин на сообраќајот. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути во периодот од 12:30 – 14:30 часот.

Continue reading

Голем пожар во куќа на улицата „Петар Поп Арсов“ во Лескајца

Post Views: 2 Голем пожар денеска изби во семејна куќа на улицата „Петар Поп Арсов“ во населбата Лескајца. На терен веднаш излегоа екипите на Територијалната противпожарна единица од Охрид кои со сета сила се борат да го згаснат пожарот.  Очевидци велат дека куќата е изгорена во голем дел, а глетката била навистина лоша. Наскоро очекувајте повеќе информации.     Фото/ОхридПрес

Continue reading

prva pomos

Симулација на голема сообраќајна несреќа

Post Views: 9 Денеска на 4-ти декември во периодот од 12.00-13.30 часот, на крстосница од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ ќе се одржи симулациона вежба за подигнување на степенот на подготовка при кризни состојби во Охрид. Според најавите, ќе биде симулирана голема сообраќајна несреќа со поголем број повредени со изгореници. Организатори на симулационата вежба се: Министерство за здравство на РМ и Светска здравствена организација – канцеларија Скопје (СЗО), а учесници ќе бидат Итната медицинска помош при Здравствен Дом-Охрид; Општа Болница-Охрид; Црвен Крст од Охрид, Противпожарна...

Continue reading

Бах во етерот

Post Views: 0 Фестивалската програма „Охридско лето“ ја продолжува со веќе традиционалната „Вечер на Европската Унија“, во чии рамки на сцената во црквата „Света Софија“ на 18 ти јули ќе настапат Мате Бекавац на кларинет од Словенија во придружба на Ирина Графенауер на Флејта исто така од Словенија. Ова издание на вечерта на Европската Унија е насловено како „Бах во етерот“, а ќе се изведуваат дела од Јохан Себастијан Бах. Концертот почнува во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.

Continue reading

kruzen

Кружниот тек кај „Охридска банка“ денес затворен за сообраќај

Post Views: 1 Од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид ги информираат граѓаните дека поради поставување на завршниот слој на асфалт на новата кружна крстосница на булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители“ од денеска 3-ти декември до недела 6-ти декември во периодот од 8 до 18 часот оваа крстосница ќе биде затворена за сообраќај на следните локации: Булевар, „Туристичка“ на пресек со ул.„Абас Емин“ и ул. „Даме Груев“ како и на пресекот на улиците „Македонски Просветители“ и „7 Ноември“ со булевар „Туристичка“. Од општина Охрид упатуват молба...

Continue reading

Дали има доволно градско зеленило

Post Views: 2 Охриѓани со свои размислувања, колку Охрид е зелен град и дали има доволно градско зеленило. Дел од граѓаните ја одбегнуваа камерата на ТВМ а дел од нив одговорија кратко. Во секој случај нивните мислења се поделени. Зелените појаси во градов во секое урбанистичко планирање треба да бидат на прв план, сметаат добрите познавачи на арихитектурата во градовите. Денес сме сведоци дека на одредени локации во градот трпи зеленилото точно заради развојот на општината, како што за ТВМ изјави архитектот Благоја Сметеноски. Тој укажа дека согласно европските стандарди, по глава...

Continue reading

Најголем скок на цената на нафтата во последните две седмици

Post Views: 0 Минатата седмица цената на нафтата доживеа најголем скок во последните 17 години, што е последица на затворање на бушотини, намалување на инвестициите на нафтените џинови и поттикнување на стопанските мерки на кинеската централна банка. На берзата во Лондон цената на барел нафта пораснала за 9%, на 57,80 долари, додека во последните две седмици цената скокнала за 19% што е најголем двонеделен скок од 1998 година. Сепак, растот на цената не беше праволиниски бидејќи минатата седмица таа осцилираше, па во еден ден на американските берзи цената на нафтата падна за 9%, откако...

Continue reading

Охриѓани „засадија успех“

Post Views: 3 Охриѓани засадија успех. Ученици, административци, јавни претпријатија, пензионери се приклучија на 16-та по ред акција „Ден на дрвото“ која се одржа под мотото „Засади успех“. Во Охрид се садеше на повеќе локации и тоа на влезот во градот каде беа засадени 50 садници јапонски багрем ,  на магистралниот пат Охрид Св. Наум каде се посадија 500 садници охридски чемпрес,на потегот од мостот према хотел Парк каде се посадија 50 садници коталиа и на Мауцкер. Акциите кои ги спроведува ЈП „Комуналец“ се доста успешни. Во досегашните акции кои се организираа минатите години...

Continue reading

центар

Шприцеви со крв расфрлани во близина на градинка

Post Views: 1   Бројни шприцеви  со крв и шишиња од лекови расфрлани покрај улица секојдневно  ги вознемируваат жителите од населбата Горна Влашкамала во чија непосредна близина се наоѓа центарот за лечење на наркозависници. На расфрланите шприцеви покрај патот реагираат и родителите кои ги носат децата во градинката која  е на 20 метри од центрот за лечење на наркозависници. „Покрај центарот за зависници, ама ова не е центар туку собиралиште,  гревота и срамота е за подмладокот. На 20 метри има детска градинка каква слика оставаат тие лица и каква иднина ќе очекуваме за нашите деца....

Continue reading

ezero

Ќе се монтираат мали пристаништа на езерата во државава

Post Views: 0 Имено целта на поставувањето на овие пристаништа, популарно наречени „понтони“, е дополнителна промоција на туристичките атрактивни места во земјава и подобрување на условите во внатрешната пловидба. Врз основа на анализа што ја направи Министерството за транспорт и врски Владата усвои акционен план со кој е предвидена можноста за поставување на пристаништата.Предвидено е да се постават вкупно 10 мали пристаништа на локации во Охридското, Преспанското, Дојранското и Мавровското Езеро. На Охридското Езеро треба да се монтираат мали пристаништа на пет локации, од кои четири...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top