Дали има доволно градско зеленило

Зелените површини или белите дробови на градот треба да се на прв план, сметаат експертите. Според нивните анализи, за жал, во последно време градежната еуфорија се помалку оставала простор за зелени појаси.

 |  Николоска Биљана  | 

Охриѓани со свои размислувања, колку Охрид е зелен град и дали има доволно градско зеленило. Дел од граѓаните ја одбегнуваа камерата на ТВМ а дел од нив одговорија кратко. Во секој случај нивните мислења се поделени.

Зелените појаси во градов во секое урбанистичко планирање треба да бидат на прв план, сметаат добрите познавачи на арихитектурата во градовите. Денес сме сведоци дека на одредени локации во градот трпи зеленилото точно заради развојот на општината, како што за ТВМ изјави архитектот Благоја Сметеноски. Тој укажа дека согласно европските стандарди, по глава на жител би требало да има девет метри квадратни зеленило.

„Мое лично убедување е дека мора да има и зелени површини низ одредени населби, посебно сега новиве згради еуфорија на градење што е направена не можеме никаде да видиме зелена површина, во законот постои дека треба да има одредени проценти но за жал на лице место не ги гледаме“.

Сметеноски нагласи дека од потегот на мостот на каналот Студенчишта, по кејот, па се до градското пристаниште треба да претставува солден пример како треба да изгледа една добро уредена зелена површина. За жал според него тоа е една од ретките такви во градот. Сметеноски категоричен дека доколку се почитуваат урбанистичките правила за сите нови градби, градот ќе има доволно зелени површини, а сега тоа не се почитувало. Инаку, урбанистите, стручњаците, архитектите во секој свој проект кој го доставувале за реализација ги предвидувале зелените површини.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top