Шприцеви со крв расфрлани во близина на градинка

Шприцеви со крв  расфрлани во близина  на градинка .

 |  Валентина Неловска  | 
центар

 

Бројни шприцеви  со крв и шишиња од лекови расфрлани покрај улица секојдневно  ги вознемируваат жителите од населбата Горна Влашкамала во чија непосредна близина се наоѓа центарот за лечење на наркозависници. На расфрланите шприцеви покрај центарпатот реагираат и родителите кои ги носат децата во градинката која  е на 20 метри од центрот за лечење на наркозависници.

„Покрај центарот за зависници, ама ова не е центар туку собиралиште,  гревота и срамота е за подмладокот. На 20 метри има детска градинка каква слика оставаат тие лица и каква иднина ќе очекуваме за нашите деца. Јас сум згрозен од сликата тука шприцеви со крв, шишенца жално“, посочува родител чие дете е сместено во блиската градинка.   

Имаме многу голем проблем негодуваат жителите од населбата Горна Влашка маaла во чија непосредна близина се наоѓа овој центар. По цела улица има рафрлени шприцеви, стравуваме за безбедноста на  децата.

шприц Многу често се случува помалите деца да посегнат по употребуваните шприцеви и да си играат доктори, а ние да се избезумиме од страв , се жали жителка од влашкамала. Жителите апелираат центарот да се дислоцира од нивното соседство.

„ Пред 3-4 години   дадовме  петиција до министерот за здравство да се дислоцира центарот. Тој рече дека итно ќе преземат мерки, но до ден  денес ништо не презедоа. Сеуште се тука  прават неред и страшно е “, вели жителка од Горна Влашка мала. 

 

Жителите од оваа населба посочуваат дека на овој центар за лечење не му е тука местото и бараат да се премeсти. Велат ова веќе не е лекувалиште туку место кое наркозависниците го злоупотребуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top