Post Views: 1
Женски Цантар “Бисера” организира работилница на таа тема, 16 денови активизам против семејно насилство.
Работилницата ќе се одржи во Средното училиште ОЕМУЦ Свети Наум Охридски во четврток на 10.12.2015 со почеток во 14 часот.
Post Views: 0
Министерството за економија подготвува нов построг Правилник за категоризација на угостителските објекти и хотелите. Следнава недела траба да се одржи јавна расправа со туристичките работници за новиот Правилник по што официјално ќе биде усвоен.Со измените на Правилникот, хотелите со една и две ѕвездички треба да имаат најмалку 10 соби, оние со три ѕвездички 15, а хотелите со четири или пет ѕвездички најмалку 20 соби. Во сите хотели треба да има можност да се плаќа со кредитни картички.
Хотелите со четири ѕвездички како дополнителна содржина треба да имаат базен, а со...
Post Views: 2
Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека 12-ти декември (сабота) e работен ден.
Ќе се одработува 2 декември, кога се одвиваа активностите за „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”.
Post Views: 0
Српската заедница го слави Свети Сава, еден од најголемите празници во Српскиот православен календар. По тој повод денеска во ресторанот „Белведере“ се одржа свечен ручек на кој присуствуваа членови на српско – македонското друштво „Коштана“ и припадници на српската заедница во Охрид. По повод днешниот празник пред присутните беше презентирана пригодна програма, се читаа песни за Свети Сава, а обраќање имаа и членови на друштвото „Коштана“. На денешната свеченост беше запазена и традицијата, како што се палење на свеќите, но и сечење на традиционалниот светосавски...
Post Views: 5
Традицијата која го афирмира празникот, христијанските вредности, но и градот Охрид, продолжува. Општина Охрид како што и во изминатите години активно беше вклучена и ги поддржуваше сите активности за празникот Богојавление – Водици, така и годинава со сите свои ресурси и материјални и човечки ќе учествува во организацијата, како што истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески.
„Градот Охрид како и минатите години ќе биде активно вклучен во организации на сите оние активности манифестации и програми кои што ги предвидувавме како минатите години така и од оваа...
Post Views: 2
Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес конференција на Клиниката за Кардиологија изјави дека вакцинацијата се спроведува во сите вакцинални пунктови во државата, во салите се одвива ревакцинација, додека во здравствените домови ширум земјата се одвива вакцинација без закажан термин. Во тек е и теренската вакцинација која има за цел да им го олесни пристапот на жителите од руралните средини и тешко достапни места како би имале можност да бидат вакцинирани.
Во изминатите три дена откако е започната теренската вакцинација, досега се вакцинирани околу...
Post Views: 0
Каква забава ги очекува охриѓани и гостите за Новогодишните празници. Ова прашање деновиве се повеќе се поставува. Интересот е голем околу тоа дали ќе има организиран дочек на новата година на градскиот плоштад и која музичка ѕвезда ќе ја загрева атмосферата. Се споменува името на балканската дива Каљопи, но сеуште не се знае дали охридскиот буџет ќе може да го покрие нејзиниот поприлично голем хонорар . Првиот човек на градов, Никола Бакрачески не открива многу детали околу програмата за новогодишните празници.
Програмата сеуште не е готова, се работи во одделот за...
Post Views: 4
Големиот светец Св Климент Охридски со своето дело оставил завет за сите нас, да се стремиме кон доброто, убавото, она што значи етика, морал, солидарност и трајна вредност за еден народ. Оваа порака доаѓа од првиот човек на градот Никола Бакрачески кој утринава се поклони пред моштите на Св. Климент Охридски на Плаошник. Со тоа продолжија активностите по повод чествувањето на патронот на градот.
„Токму на ова место каде што денес се наоѓаме живеел и творел Св Климент Охридски и заедно со Св Наум Охридски и создал трајни вредности за градот Охрид уште пред 10 векови...
Post Views: 6
Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник. Оваа најстара образовна институција во градов која веќе 100тина години продуцира квалитетни кадри, синоќа со посебна програма му оддаде почит на светецот чие име го носи. Директорот на Гимназијата Ѕвонко Трпески рече дека името и делото на Св. Климент е вонвременско и дека голема чест, но и одговорност преставува залагањето да се оправда истото.
Ние ја градиме иднината врз темелите на минатото, а при тоа го зачувуваме највредното и најскапоценото во овие времиња кои не ставаат на оваа...
Post Views: 8
Најмалку 40 лица загинаа во неделата навечер во конфликт помеѓу фудбалски навивачи и полицијата која се обидела да ги спречи да влезат на стадионот, соопштило министерството за здравство на Египет.
Конфликтите избиле пред почетокот на натпреварот помеѓу Замалек и Енепи, пред стадионот во североисточниот дел на Каиро каде навивачите се обиделе со сила да влезат, рекол истиот извор.
Навивачите на Замалек, под името Бели витези (White Knights) тврдат дека полицијата со солзавец ги предизвикала нередите, а дека за навивачите била отворена само “мала метална врата обвиткана...
Post Views: 4
Македонската православна црква денеска го празнува споменот на својот патрон свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј.
Свети Климент Охридски – Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ...
Post Views: 1
ОО на Црвен крст е годинешниот добитник на највисокото општинско признание наградата Св.Климент Охридски. Ова највисоко признание оди во рацете на организацијата која 7 децении ја сочинува тим на ангажирани лица и волонтери како и нивните претходници за несебичното работење, активности и проекти со кои континуирано го подобруваат животот на многу наши сограѓани, кажа градоначлникот Никола Бакрачески за доделувањето на наградата Св. Климент Охридски – Патрон на градот.
„Акцентот на нивното делување кое во овие турбулентни времиња е раритет свртен кон ублажување...