Каква забава ги очекува охриѓани и гостите за Новогодишните празници

Охрид се подготвува за предновогодишната и новогодишната забава на градскиот плоштад. Сеуште не е дефинирана програмата, ниту пак имињата на ѕвездите кои ќе ја забавуваат публиката, но од Локалната ветуваат добра забава за сечиј вкус.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Каква забава ги очекува охриѓани и гостите за Новогодишните празници. Ова прашање деновиве се повеќе се поставува. Интересот е голем околу тоа дали ќе има организиран дочек на новата година на градскиот плоштад и која музичка ѕвезда ќе ја загрева атмосферата. Се споменува името на балканската дива Каљопи, но сеуште не се знае дали охридскиот буџет ќе може да го покрие нејзиниот поприлично голем хонорар . Првиот човек на градов, Никола Бакрачески не открива многу детали околу програмата за новогодишните празници.

Програмата сеуште не е готова, се работи во одделот за култура. Има повеќе опции, но сериознио се размислува што ќе биде најприфатливо за сите. Вкусовите се различни па затоа треба да се избалансира како најдобро да се поминат овие денови, вели Бакрачески.

Грдоначалникот кажува дека Локалната е отворена за соработка со сите релевантни институции и поединци кои имаат позитивни идеи за добра забава.

Сметам дека не е предоцна за да се направи една добра организација. Локалната секако дека не може се сама. Идеите не треба да произлгуваат само од општинската администрација туки треба да се приклучи целиот град и во организацијата и во реализацијата на предновогодишните и новогодишната забава, вели градоначалникот.

Бакрачески ветува дека и оваа година Охрид ќе се престави во најдобро светло, а забава ќе иам и пред новата година и после неа. Дневните настани ќе бидат наменети за најмладите, а ноќните забави ќе бидат атрактивни за младите и повозраните граѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top