Post Views: 4
Летната тераса на поранешниот објект на пицеријата Немо, на спојката помеѓу улиците Цар Самоил и Коста Абраш повеќе од година дена не работи, но урбаната опрема сеуште на истата локација.
Овој факт недвосмислено го наметнува прашањето дали локалната самоуправа добива некаков надомест за поставената урбана опрема од сопственикот на истата со оглед на тоа што просторот е узурпиран иако објектот веќе не работи. Дрвената конструкција оградена со најлони служеше како летна тераса до пред околу две години за потребите на угостителскиот објект Де Лаго , кој пак беше сместен...
Post Views: 8
Неколку библиотеки треба да посетиме за да ја обезбедиме лектира за нашите деца, а не ретко се случува и да ја нема и во училишната и во градската библиотека. На овој проблем укажаа родители кои сметаат дека наставниците не би требало во ист период лектирата да ја даваат на повеќе класови. Дел од нив вината ја гледаат и во нивните деца за кои сметаат дека се помалку неодговорни и во последен момент ја бараат соодветната лектира. Телевизија ТВМ се обиде да открие дали постои проблем од ваков карактер и каде може да се бара одговорноста. Првиот човек на градската библиотека...
Post Views: 1
Комисијата за заштита од дискриминација денес упати Мислење до Собранието на Република Македонија по однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Комисијата укажа дека законската одредба која предвидува одличен успех како услов за оспособување за управување со возила е дискриминаторска и е на мислење дека успехот постигнат во училиштата не влијае врз развојот на моторните вештини кај малолетниците со наполнети 16 години, кои се неопходни за совладување на техниките за управување со моторно возило.
Со оваа...
Post Views: 5
Живеј го животот без петарди, купи подарок-не петарди, петардите се нашите непријатели…Ова се само мал дел од многуте пораки кои денес ги испратија учениците од охридските основни училишта, како едно предупредување до своите врсници, но и до нивните родители за опасностите од злоупотребата на нелегалните пиротехнички средства. Тие рекоа дека научиле за страшните последици од употребата на петардите и токму затоа сакаат да испратат вакви силни пораки.
“Ние за петардите научивме дека се многу опасни, можат да влијаат врз нашето тело, како повреди на рака, изгореници...
Post Views: 0
Очи в очи сведокот Емил Попоски, еден од сопствениците на Кафе барот „Пливалиште“ Струга, со еден од обвинетите Гоце Јанески. Денеска на продолжението од претресот за немилиот настан кој се случи на 11 септември минатата година во кој од струен удар загинаа тројца стружани, беше сослушан сведокот Емил Попоски. Во неговите искази на сведочењето, се посомнева бранителот на обвинетиот Јанески, Димитрија Цобоски поради што побара соочување.
Адвокатот на Вранишкоски Цвете, Воислав Димоски рече дека добро е што наишле на разбирање од страна на судскиот совет и нивните забелешки...
Post Views: 1
Божидар Маљковиќ, Бора Џаковиќ, Раца Ѓеоргиевски, ова се дел од врвните светски кошаркарски имиња кои заедно со локалната ќе работат на популаризација на кошарката во градот. Денес тие остварија иницијална средба на која беше разговарано за неколку интересни идеи поврзани со кошарката, а со чија реализација пред се би добил градот Охрид но и кошарката во нашиот град. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека тие како институција, заедно со амбасадорката на Србија во Република Македонија се подготвени да бидат инволвирани и да ја помогнат секоја една иницијатива која...
Post Views: 0
Во тек се градежни активности за комплетна промена на водоводната и канализационата мрежа во ОУ „Братство Единство “ – Лескајца. Со оваа активност ќе се надмине долгогодишниот проблем на губиток на водата кој го имаше оваа образовна институција.
Средствата во вкупен износ од околу 600 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
За наредната 2022 година во ова училиште се предвидуваат активности за промена на електричната инсталација, реконструкција на тоалетите, дренажа околу објектот на училиштето и изведба на енергетски ефикасна фасада. Сите овие активности...
Post Views: 0
Во езерото кај фудбалскиот стадион Грашница од канал се излева нечиста вода. Ова се гледа од аматреска снимка направена пред 5 дена а која граѓанин ја испрати до редакцијата на ТВМ. Денес нашата екипа беше на посоченото место и камерата забележа бара со нечиста вода околу каналот. Зад објективот на камерата луѓе кои тука живеат прокоментираа дека тоа е стар проблем.
Следствено на оваа појава се поставува прашањето води ли некој од надлежните институции грижа каква вода се влева во езерските води. Одговор на ова прашање побарaвме од неколку надлежни институции.
За...
Post Views: 0
Традицијата продолжува, повторно и оваа година, по повод празникот Св.Недела во с.Оровник на ден 19-ти јули во понеделник со почеток во 20 часот ќе се одржи богослужба во црквата Св.Недела, а веднаш потоа следува голема културно уметничка програма со еден од најпознатите македонски пејачи Ѓоко Јовиќ, познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, а придружувани од извонредните момци од Енерџи бенд.
За сите верници кои сакаат да присуствуваат ќе има бесплатен превоз до манастирот со поаѓање од пред маркетот Тамаро Охрид кај постојката од 19 часот, телефон за контакт 076/574-661.
Бидете...
Post Views: 1
Охрид чекори за безбеден сообраќај. Внимавај те на децата во сообраќајот затоа што сум само дете, Вози како секое дете на улицата да е твое дете, Секое дете заслужува да му се радува на животот, вози внимателно, ти си одговорен. Ова се само дел од испишаните пароли со кои охриѓани од најмало до најстаро упатија силна порака до сите учесници во сообраќајот, да се внимава како се вози по учиците и да се подигне степеност на безбедност во сообраќајот.
„Ова е една манифестација која што практично значи апел до сите учесници во сообраќајот, возачите на патнички, товарни...
Post Views: 6
Охрид мојот чудесен град. Со цел поголема промоција на туристичкиот бисер, охридските извидниците во акција. Тие во соработка со локалната изготвија 6 видеа на значајни места во градот, каде биле вклучени сите членови на Извидничкиот Одред „Пионер “. Младиот координатор на проектот Николче Костоски, вели нема зборови со кои може да се опише чуството што значи да си извидник, посебно кога нивните активности се сконцентрирани во природата, нивниот втор дом. Додава дека Охрид и неговата околина надалеку е познат по својата убавина што природата му ја подарила, а луѓето...
Post Views: 4
Францускиот производител на автомобили Renault објави дека го затвора својот главен погон во Русија на три недели.
Ова веќе го сторија и други компании кои го намалуваат производството поради колапсот на рускиот пазар.
Фабриката во Москва, со капацитет од 180.000 возила годишно, нема да работи од 16 февруари до 6 март, изјавило едно официјално лице од Renault за AFP, а потврдува весникот Ведомости. “Причината е очигледна, пад на стопанството и пазарот”, додал претставникот на компанијата.
Продажбата на рускиот пазар, кој во последните години беше втор по големина во...