Post Views: 8
Денеска истекува рокот до кој општинските изборни комисии (ОИК) официјално треба да ги потврдат сите листи на кандидати за градоначалници и членови на општинските совети и Советот на Град Скопје.
Tака потврдените листи ОИК ги доставуваат до Државната изборна комисија (ДИК), која најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за нивниот редослед на гласачките ливчиња. Кандидатите за градоначалници и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. По извршениот жреб потврдените кандидатски листите ќе бидат објавени на веб...
Post Views: 3
Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа несакани гости веднаш по нивното пристигнување во Куманово, по што властите кои уверуваа дека се со исправна документација ги префрли во Скопје, каде многу сопственици на хотели одбиваа да ги примат, но сепак останаа неколку денови, за сега истата оваа група да биде донесена во Охрид, поточно да бидат сместени во хотел во Лакочереј, објави порталот News1.
Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.
„Интересно е зошто оваа...
Post Views: 4
На 10.02.2022 година во 01:10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Д.А. (29) од Охрид.
Тој го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Post Views: 7
ЈП “Билјанини Извори” денес реализираше работна средба со сите фудбалски школи кои користат услуги на СРЦ “Билјанини Извори”.
Состанокот со фудбалските школи се реализира на иницијатива на јавното претпијатие и на истиот присуствуваше и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. На состанокот се разговараше околу досегашната соработка со фудбалските школи, како и околу идните планови и приоритети за заедничко делување.
Спортот и спортските клубови, школи, се висок приоритет во тековното работење на претпријатието и Градоначалникот Пецаков, така...
Post Views: 2
Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека вакцината против ковид-19 била создадена пред вирусот да биде јавно познат.
Јасно ви е дека вакцината е создадена пред вирусот да биде јавно познат. Ова ја објаснува и брзината со која што дојде тој „лек“. Причината поради која не беше објавена порано, беа сложеноста на договорите и уверувањата што им беа потребни на фармацевтските компании од владите за да се откажат од нивната одговорност во однос на одговорноста, се вели во постот.
Ваквото тврдење не е точно.
Вирусот ковид-19 беше идентификуван од кинеските власти на...
Post Views: 8
Во Србија, соочена со предупредувачки висок тренд на смртни случаи и нови инфекции во петтиот бран, се зголемуваат барањата да се воведе 24 часовна важност на Ковид – пропусниците, а не како сега по 22 часот. Бројот на нови заразени од почетокот на септември постојано е над 5.000 на дневна основа, а најмногу заразени од почетокот на пандемијата се регистрирани на 28 септември – 8467.
Оваа вест изминативе денови беше проследена со извештаи од детските болници за четири бебиња на респиратори. 13-годишно момче за кое било потврдено дека има Ковид-19 пред еден месец,...
Post Views: 8
Струга домаќин на Европската шаховска елита. Од викендов во градот на мостовите започна Купот на шампиони во шах. Врвни домашни и светски шаховски имиња ќе ги одмерат силите, а присуствува и светскиот првак Магнус Карлсен. Нашата земја по трет пат во историјата е домаќин на најсилното клупско шаховско натпреварување, каде се собрани најдобрите играчи на денешницата.
Сите европски држави се застапени преку своите најсилни клубови, засилени со шахисти од целиот свет.
Дојде и светскиот првак во шах Магнус Карлсен еден од најдобрите играчи на денешницата. Така да голем...
Post Views: 1
Во Тетово денеска се одржа протестен марш од кој учесниците побараа одговорност поради 14 загубени животи при пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември.
Собирно место беше градскиот плоштад во Тетово, каде се обрати Бељуљ Бељуљи, кој рече дека е дојден затоа што неговата сестра настрадала во пожарот и затоа „бара одговорноста од целата Владата и градоначалничката” на Тетово, затоа што, според него, било одобрена работа на болницата без потребната документација.
Да не не лажат да изгорат уште луѓе. Сакаме побрзо да се дознае. Мене сестра...
Post Views: 2
Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на којашто има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка ситуација, што подразбира и работа со загуба, информираат од „Макпетрол“.
Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат.
„Макпетрол“, сепак, потсетува дека...
Post Views: 0
На 20.02.2022 година од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли при што, полициските службеници во Охрид, регистрираа 41 пречекорување на дозволената брзина (16-надвор од населено место, 25-во населено место).
Во Струга, затекнати се 42 возачи кои возеле моторно возило со брзина поголема од дозволената (06- надвор од населено место, 36- во населено место), во Кичево евидентирани се 16 пречекорувања на дозволената брзина (02-надвор од населено место, 14 -во населено место). Во Дебар 22 возачи, управувале моторно возило со...
Post Views: 5
На 1 февруари започна Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести 2022“, која веќе четврта година се емитува на медиумите во цела Македонија.
По емитувањето на првите 10 епизоди од годинешната кампања, беше вистинска чест и задоволство да се слушнат и прочитаат позитивните критики за текстовите и видеата кои се изработени за секоја поединечна дијагноза на македонски и албански јазик. Особено ни значат критиките кои ги добиваме од докторите и професорите кои работеа на кампањата, но и многу од нив кои се понудија да бидат стручни соработници за идните проекти. #LightUpForRare...
Post Views: 10
На 22.12.2021 година во ОВР Струга приведен е С.Ѓ.(36) од Охрид.
При контрола во неговиот автомобил „Пежо” што го управувал на улицата „ЈНА” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа метадон. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.