Post Views: 9
Најголемиот туристички центар, конечно ќе добие јавни тоалети. Долги години се зборува на оваа тема, а туристичките водичи се најгласни во барањето да се реши овој проблем. Мирјана Лозаноска од Центарот за развој на Југозападниот плански регион, обелоденува дека за 2016 година, за националниот буџет доставиле 6 регионални проекти, кои биле составен дел на приоритетната листа, усвоена од Советот за развој, кој го сочинуваат градоначалниците. Проектите биле позитивно оценети а во моментов само за два од нив биле одобрени финансиски средства. Еден од нив е поставувањето...
Post Views: 4
Македонските средношколци, загрижени за својата иднина. Според резултатите од најновите истражувања, спроведени од страна на МОФ, повеќе од половина од нив, не ја гледаат својата иднина тука во Македонија. Се поголема кај нив е и скепсата, дека на било каков начин можат да придонесат во решавањето на локалните проблеми, а се помала довербата во локалната власт и функционерите.
Но, оптимизмот не смее да не напушти. Дел од нив сепак сакаат да останат тука.
Покрај овој поразителен податок, последните истражувања на ставовите на македонските средношколци, покажуваат дека...
Post Views: 7
Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени за 11,4%.
Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика...
Post Views: 1
Новиот Урбанистички план за село Пeштани е во постапка од пред 12 години. Пештанци чекаат да се донесе урбанистичкиот план и стануваат нетрпеливи. Чекаат мештaните, но и инвeститорите кои сакаат да градат, ги пренесува барањата на жителите Ѓоре Танески, претседателот на месната заедница.
Планот е во општината. Се чекаат одговори од институциите дали е во заштитениот појас, дали се загрозува езерото според критериумите на Унеско. Имаме повеќе од 300 градби, селото ќе се шири. Немаме одлив на жители туку прилив и гледаме да одиме напред, луѓето сакаат да градат апартмани,...
Post Views: 1
Дали рентабилно работи автопазарот во Охрид. Граѓаните кои го посетиле овој пазар кој се отвори пред речиси две години, а и оние кои се само случајни минувачи покрај пазарот кој е лоциран на дел од паркинг просторот кај охридските градски гробишта, го поставуваат ова прашање. Сликата за овој автопазар е едно паркирано постаро возило, а најчесто и ниту едно.
Ние како Локална самоуправа сме задоволни што авто пазарот ја исполнува својата функција. Морам да сум искрен дека тој не работи со некоја добивка ама не генерира ниту загуба, објаснува портпаролот на Локалната, Томе...
Post Views: 16
Педалинките како пловни објекти не се регулирани со Законот за внатрешна пловидба. Овие пловни објекти имаат статус како велосипедите на улица. Лицата кои издаваат педалинки мора да ги почитуваат важечките прописи за безбедноста на лицата кои ги изнајмуваат, вели Сашо Точков, претседателот на ОО ЦК во чии рамки функционира службата за спасување на вода.
„Укажуваме на оние кои издаваат педалинки да го прават тоа според законските нормативи. Педалинките да не ги издаваат на лица кои се малолетни лица, кои не знаат да пливаат, да воспостават комуникација со изнајмувачите,...
Post Views: 0
Животната приказна на охриѓанката Линда Зилбеари, е тажна. Таа е самохрана мајка на три малолетни деца. Покрај со битката за егзистенција, лошите услови за живот под кирија во соба полна со влага и напукнати ѕидови во куќа стара 100 години како што и самата кажа, од неодамна нејзиното здравје е кревко, односно добила тешко искривување на рбетниот столб. Вели дека легнува и станува со неподносливи болки, секој ден оди на физикална терапија, а според докторската анамнеза добила наод дека неопходно е да работи со скратено работно време.
„Вие сте први што реагирате на...
Post Views: 1
Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, преку секторот за шумарство и ловство, согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з, закажува полагање на ловечки испит на ден 14.03.2016 година во 15.30 часот.
Полагањето на испитот ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО“ ул. ХРИСТО СМИРНЕНСКИ“ бр.30, 1000 Скопје (позади Универзална Сала).
Кандидатите задолжително да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош).
Post Views: 1
Исламската држава во наредните две години во Европа може да изведе терористички напад како оној во Њујорк на 11 септември 2001 година, предупредува внукот на покојниот либиски диктатор Muammar Gaddafi и екс разузнувач, Ahmed Gaddaf al-Dam.
Тој исто така тврди дека во следната година најмалку половина милион емигранти од Либија би можеле да се најдат во Европа. Меѓу нив со сигурност ќе има и илјадници терористи кои ќе се шират на стариот континент.
“До крајот на годината 500 илјади емигранти ќе дојдат во Европа, а на секои илјада ќе има 10 до 50 терористи. За една година,...
Post Views: 0
Саботна авантура за љубителите на природата, планината, прошетките. Екипата за спасување во планини и непристапни терени при Црвениот крст од Охрид ќе ги поведе сите заинтересирани од Корита до Липова ливата на нашата прекрасна Галичица. Овој интересен настан се организира во рамки на одбележувањето на неделата за срцево-садови заболувања.
„Јас би рекол дека интересна треба да биде за сите граѓани бидејќи е една рекреативна тура која што нема некои особени побарувања во физичка смисла од страна на посетителите. Можат буквалнно сите да дојдат на оваа тура, нормално да...
Post Views: 2
Нафтената дамка која се појави во тревната површина во непосредна близина на хотелот Инекс Горица најверојатно е причинета од човечки фактор. До вакви индиции дошол тимот на Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа, а во кое тело делуваат претставници од СВР Охрид, Центарот за управување со кризи и јавните претпријатија од градов. По добиена информација од загрижени граѓани, тимот уште вчера излегол на терен со цел да утврди дали нафтената дамка претставува потенцијална опасност за граѓаните и животната средина. Тие констатирале дека таква опасност воопшто...
Post Views: 8
Граѓанската иницијатива „Аман“ денеска ќе ги предаде во Собранието предлог-измените на Законот за енергетика, за кои во изминативе недели собираа потписи за поддршка од граѓаните.
Претставниците на „Аман“ планираат да одржат протестен марш, кој ќе започне во 14 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе заврши пред Собранието, по што ќе ја предадат иницијативата потпишана од 13.000 граѓани. Од „Аман“ посочуваат дека ова е само прва иницијатива и дека доколку бидат прифатени предлог-измените, со кои се бара враќање на дневната евтина тарифа на струјата, како и да прекине...