Незадоволни, незаинтересирани, цинични…

Речиси половина од македонските средношколци, не ја гледаат својата иднина во нашата земја.

 |  Крсте Голабоски  | 
tribina
трибина

tribinaМакедонските средношколци, загрижени за својата иднина. Според резултатите од најновите истражувања, спроведени од страна на МОФ, повеќе од половина од нив, не ја гледаат својата иднина тука  во Македонија. Се поголема кај нив е и скепсата, дека на било каков начин можат да придонесат во решавањето на локалните проблеми, а се помала довербата во локалната власт и функционерите.

Но, оптимизмот не смее да не напушти. Дел од нив сепак сакаат да останат тука.

Покрај овој поразителен податок, последните истражувања на ставовите на македонските средношколци, покажуваат дека тие се незаинтересирани, недоверливи и цинични кон институциите на државата.

Дополнителни 15.9% се гледаат некаде во државата, но не во местото во коешто живеат. 38.3% од средношколците за десет години се гледаат себе си во градот во којшто живеат, сите останати за себе предвидуваат (или посакуваат) внатрешна или надворешна миграција. Градовите, Струмица, Дебар и Скопје се градови во кои средношколците најмногу би останале. Најнеподнослив е животот во Делчево, Велес и во Штип. Интересно е и дека учениците од селата, почесто се гледаат во местото во коешто живеат, од нивните врсници кои живеат во град.

Препораките кои произлегуваат од самите истражувања, се насочени кон локалните власти и државата, на кои им се сугерира, на својата листа на приоритети да ги стават младите и да воспостават редовна комуникација со нив. Образовните институции и креаторите на образовниот систем треба да понудат соодветни содржини, вештини и знаења. Првиот стратешки обид да се придонесе кон унапредување на состојбите со младите, Република Македонија го направи дури во 2005 година, кога ја усвои Националната стратегија за млади (2005-2015). Овој национален документ ги дефинираше стратешките определби кои државата треба да ги реализира заедно со младите. Денес во просториите на Американското катче во Струга беше одржана јавна трибина и промоција на студијата за социјалниот капитал на македонскиот средношколец, организирана од страна на Здружение за развој и активизам „АКВА“ и МОФ.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top