svr

СВР Охрид за малиот Кирил

Post Views: 2 На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција регионален центар Запад, ќе се вклучат во хуманитарната акцијата за помош на единаесет месечниот Кирил Митрески од Охрид кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. Посакувајќи нашиот млад сограѓанин да ја победи болеста, да има безгрижно детство, здрав и среќен живот, полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, својата хуманост ќе ја покажат со доброволно собирање парични средства за лекување како и со...

Continue reading

znak

Поради минирање, прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево

Post Views: 19 Поради изведување работи на пат со минирање, на патниот правец А2 Охрид-Кичево на делот помеѓу планинскиот превој Пресека и село Врбјани, денес 3-ти март 2016 година ќе има прекин на сообраќајот. Според најавите, сообраќајот ќе биде во прекин околу 20 минути во периодот од 13:00 до 15:00 часот.

Continue reading

molitven pojadok

Mакедонска делегација на молитвениот појадок

Post Views: 6 Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, пратениците Александар Спасеновски и Владимир Ѓорчев и министрите за здравство Никола Тодоров и за економија Ваљон Сарачини, денеска во Вашингтон ќе присуствуваат на годинашниот Молитвен појадок. Националниот молитвен појадок е традиционален годишен собир под покровителство на претседателот Барак Обама, кој денеска ќе им се обрати на поканетите учесници. Најавено е дека Обама ќе биде придружуван од сопругата Мишел, како и од потпретседателот Џо Бајден. Традицијата на собирање на истакнати претставници на политичкиот, верскиот,...

Continue reading

Уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта

Post Views: 1 Локалната издвои уште 2 милиони денари за изградба на пешачката патека Канео, Лабино, Кошишта. Со ова ќе се заокружи проектот со кој треба да се уреди просторот околу Самоиловите тврдини кој е се поатрактивен за туристите кои доаѓаат во Охрид. Но опозиционерите реагираат дека општината не го информирала Советот за што конкретно ќе бидат наменети овие средства. Овие два милиони денари треба да бидат прикажани транспарентно и да биде кажано како и каде ќе се потрошат. Ова треба да биде дел од една годишна програма. Не смееме паушално да издвојуваме пари од буџетот за кои...

Continue reading

konferencija

Меѓурeлигискиот дијалог, десет годни после Охридскиот договор

Post Views: 3 Карл Маркс рекол дека: „Религијата е опијум на народот“. Но, често пати оваа негова максима погрешно е интерпретирана, за да кон религијата се гледа како на нешто кое на сила им се наметнува на верниците, со цел полесно со нив да се манипулира, велат експертите. Едноставно, религијата е внатрешна потреба на верниците, за потрага по личната среќа, на начин кој понекогаш е дури комплетно илузорен, метафизички, нереален. Десет години после воениот конфликт во Македонија, меѓуетничката, меѓурелигиската ситуација, не е многу променета. Сведоци сме дека посебно во последниве...

Continue reading

Фатени романски државјани кои украле накит од охридска златара

Post Views: 0   Романци краделе злато во Охрид. Истите се откриени и приведени на граничниот премин Табановце вчера околу 20 часот, откако се обиделе да ја напуштат нашата земја. Четворицата државјани на Романија биле барани за извршена кражба на златни предмети од охридската златара „ГОЛД“. Станува збор за лицата М.Ц. и Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67). При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека пак при претрес на нивното патничко возило марка „Форд“, со германска регистерска ознака бил пронајден и останатиот накит. „Нивното приведување е поврзано со тешката...

Continue reading

Убиени 68 затвореници во Еквадор

Post Views: 3 Најмалку 68 затвореници се убиени во нови брутални судири во затвор во Еквадор. Немирите во затворот Литорал во градот Гвајакил наводно започнале во петокот вечерта, а полициските тактички единици кои влегле во затворските згради пронашле оружје, експлозиви и сечила, јавува Би-Би-Си. Само оваа година во еквадорските затвори загинаа повеќе од 300 луѓе. Повеќе од 100 затвореници беа убиени во борбите на ривалските банди минатиот септември, велат официјалните лица, пренесе Би-Би-Си.

Continue reading

Се запали електричната табла во салата во „Григор Прличев“

Post Views: 0   Утрово околу 9 часот и 30 минути избувна пожар во спортската сала на ОУ „Григор Прличев“. Целосно изгоре електричната табла. За среќа во моментот во салата не се одржувал час по физичко образование, информираше директорката на училиштето Силвија Мојскска. Присутен бил наставникот по физичко кој веднаш го пријавил пожарот. „Немил настан кој навистина не вознемири, штетите се само материјални, многу брзо е реагирано благодарение на брзата интервенција на единицата на противпожарната единица како и екиптие на ЕВН,се тоа е санирано, останува само штетата да ја надоместиме...

Continue reading

Во градскиот архив сместена личната документација на писателот Видое Видически

Post Views: 9 Архивот на град Охрид збогатен со документација од писателот Видое Видически. Преземен е дел од личниот архивски материјал на писателот Видически кој содржи значајни материјали од неговата богата творечка и општествена дејност како основоположник на радио Охрид, Домот на културата и градскиот архив, информира Никола Митровиќ, директор на Историскиот архив на Охрид. –Огромно е значењето на оваа и на другите генерации кои ќе можат да ги прелистуваат пишаните работи на рака и на машина од Видое Видически, материјали кои изобилуваат со фотографии, поезија и проза,...

Continue reading

galeb

Тајните на Охрид: Галебот

Post Views: 0 Ви претставуваме уште една од убавините карактеристични за нашиов град, птицата опеана во песните за Охрид,неизоставниот декор на охридскиот кеј, галебот. Птицата која заедно со лебедот е посебна радост за најмладите, секогаш убава, понекогаш послушна, понекогаш палава како дете. Фотографирањето пак во нејзино друштво е нешто во кое уживаат и повозрасните, а посебно оние кои го посетиле Охрид и кои со себе сакаат да понесат еден спомен, една тајна од душата на овој град.

Continue reading

Неизвесна судбина на најатрактивното земјиште во Љубаништа, охридско

Post Views: 2 Неизвесна судбината на најатрактивното земјиште крај брегот на Охридскот Езеро, Љубаништа. Ова земјиште сеуште не е урбанизирано, а тука се наоѓаат имотите на дел од мештаните на оваа туристичка населба. Како што е познато нивните имоти се влезени во планот на Владата за изградба на туристички зони каде треба да никнат елитни хотели и вилски населби. Жителите на Љубаништа не се откажуваат од своето земјиште и бараат од надлежните институции да дојдат и да им објаснат што е планирано со нивните имоти и зошто државата се обидува да им ги плати по цена која е далеку од...

Continue reading

Hyundai овозможува ракување на автомобилот со паметен часовник

Post Views: 0 Најновата верзија на апликацијата Blue Link на Hyundai им овозможува на сопствениците по пат на поддржан паметен часовник од далечина да управуваат со многу функции на автомобилите од марката Hyundai. Некои од функциите кои ќе можат да се извршуваат со паметниот часовник се стартување на автомобилот, отклучување и заклучување, употреба на сирената, ракување со светлата или можноста да го пронајдете својот автомобил на паркинг. Сето тоа е возможно да се направи по пат на гласовни команди. За сето ова да биде достапно, сопствениците ќе мораат да се претплатат на услугите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top