Фатени романски државјани кои украле накит од охридска златара

Приведени четири државјани на Романија, под сомнение дека извршиле кражба во златара во Охрид. Тие синоќа не успеаа со пленот да ја поминат македонско српската граница на граничниот премин Табановце.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Романци краделе злато во Охрид. Истите се откриени и приведени на граничниот премин Табановце вчера околу 20 часот, откако се обиделе да ја напуштат нашата земја. Четворицата државјани на Романија биле барани за извршена кражба на златни предмети од охридската златара „ГОЛД“. Станува збор за лицата М.Ц. и Л.А. (25), М.Ц. (58) и М.Ф. (67). При преглед кај Л.А. пронајдени биле три златни ланчиња, додека пак при претрес на нивното патничко возило марка „Форд“, со германска регистерска ознака бил пронајден и останатиот накит.

„Нивното приведување е поврзано со тешката кражба извршена во Охрид во текот на вчерашниот ден во златарата „Голд“ при што украдени се златни предмети и златен накит во вредност од околу 100 000 денари. Дополнително се води постапка дали овие 4 лица се можни извршители и на уште една тешка кражба извршена во златара во Скопје кога е одземен златен прстен со дијамант во вредност од околу 15 000 денари. Карактеристично е што една од приведените го голтнала прстенот и на тој начин е извршена кражбата по што го напуштиле објектот“ – вели Димоски.

Приведените 4 лица се наоѓаат во СВР Охрид и по целосно документирање на овој случај и консултација со јавниот обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за расветливање на кривичните дела тешки кражби, вели Димоски. Инаку романската група, две жени и еден маж на сред бел ден околу 13.20 часот од златара на улица „7- ми ноември“ украле златен накит – ланци во вредност од 100.000 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top