sovetnici

Oхридските советници со жестоки дискусии ги усвоија извешатите за урбанистичките планови за 2015 -2017

Post Views: 1 Во советот избраниците на охриѓани повторно расправаа по обемен Дневен ред.   52-те точки беа надополнети со уште три нови предлог одлуки.  Најжешка точка, каде што се  вкрстија дискусиите на советниците од двата блока, беше предлог Одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови за општина Охрид 2015 – 2017.  Координаторот на советничката група на опозицијата, Јован Стојаноски побара објаснување за кои урбанистички планови и колку се  потрошени од 4 милиони денари пари од буџетот на општината.   „Овој извештај...

Continue reading

Атрактивни и славни жени кои ги сменија правилата на игра

Post Views: 393 Го славиме денот на жената и да не заборавиме дека бројни славни дами имаат големо влијание на жените ширум светот, но не зборуваме само за трендот и она што го носи црвениот килим. Овие ѕвезди покажале дека се повеќе од убави, а своите недостатоци ги претвориле во предност и го освоиле светот. Од нив може само да се учи. –Oprah Winfrey – Не треба посебно да се нагласува дека е едно од најпознатите лица во јавниот живот. Има 60 години и зад себе завидна кариера во медиумите, но и влијание над луѓето ширум светот. И минатата година се најде на листата на Forbes...

Continue reading

recni korita

Речните корита во градов чисти, се работи на расчистување и на околните

Post Views: 5 Неколкудневните временски прогнози во кои се најавуваат пообилни врнежи од дожд во нашата земја резултираа со ново предупредување од страна на Министерството за транспорт и врски до сите локални самоуправи и надлежните служби за преземање мерки за спречување на евентуални поплави. Според ова последно предупредување, се очекуваат врнежи од околу 30ина литри на метар квадратен. Ваквите предупредувања засега реалност се само за општините од централна и југоистична Македонија, но иако во нашиот југозападен регион не се очекуваат пообилни врнежи од дожд, предупредувањата...

Continue reading

logo

Поднесете годишна даночна пријава

Post Views: 5 Уште два дена граѓаните имаат можност да поднесат даночна пријава до УЈП. Крајниот рок истекува на 15 март. Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на: лични примања, приходи од земјоделска дејност, приходи од самостојна дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од авторски права и права од индустриска сопственост, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа, други приходи. Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна...

Continue reading

richard howit

Ричард Ховит во посета на Македонија

Post Views: 0 Британскиот европратеник и известувач за Македонија, Ричард Ховит, од среда до петок ќе престојува во посета на земјата. Се очекува Ховит да има средби со лидерите на поголемите политички партии. Пред своето доаѓање, Ховит повика Македонија да ја искористи можноста што ја доби со одлуката на Европскиот совет во декември, по четвртата препорака од Европската комисија за почеток на преговори. {loadposition content9}

Continue reading

autizam

Потребни се центри, формирање на национален регистар и креирање национална стратегија за справување со аутизмот

Post Views: 7 „Да се живее со деца со аутизам е предизвик, но и едно од најубавите нешта е кога се споделуваат радосните моменти“-вака накратко ја раскажа својата приказна родител на деца со аутизам од Охрид кој на сите родители кои се борат со истиот предизвик емотивно им порача дека нивните деца ќе успеат, ќе се образоваат и ќе постигнат нешто во животот. Томислав Бакулески кој е родител на две деца со аутизам денес собра храброст јавно, на денешната трибина посветена на аутизмот, да проговори за предизвиците со кои неговото семејство секојдневно се соочува, но и повеќе за среќните...

Continue reading

pres vmro-dpmne-struga

„Рамиз Мерко е производ на Бранко Црвенковски!“ велат струшките вмровци

Post Views: 0 Ова беше кажано во експресната реакција на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, а во врска вчерашните обвинувања од страна струшкиот огранок на СДСМ. „Нема никаков таен договор, ни скриени намери помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Надица Николовска претседателканата на О.К НА ВМРО од Струга. Лицемерието е заштитен знак на СДСМ, додава таа. „Времето ќе покаже дека ваквата наша одлука и активностите кои во иднина ќе ги превземеме, ќе се само во интерес на граѓаните на Струга. НА последната седница на Советот на Општина Струга, покажавте дека вашата соработка со струшкиот градоначалник...

Continue reading

Охридските Деници на струмичкиот карневал

Post Views: 2 Членките на охридскиот лајонс клуб „Деница“ под маски отпатуваа на традиционалниот Струмички карневал. Тие освен за да ја покажат нивната креативност и интересни маски, со кои отидоа во Струмица, тие ќе повлечат и искуства од организирањето на еден од највпечатливите карневали во земјава па и Европа. „За прв пат сме во Струмица на карневал, инаку и ние имаме традиција во нашиот клуб да правиме хуманитарна забава под маски така да ова ни беше нешто во кое најдовме сличност, а воедно сакаме да ги поканиме бидејќи Струмица е со традиција на маскенбали, да имаме гости од...

Continue reading

Кривична пријава за ресенчанецот кој лажно пријавувал поставени експлозивни средства во Охрид

Post Views: 2 Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „лажно пријавување на кривично дело“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот З.И. од ресенското село Горно Крушје. – Пријавениот, во два наврати, во текот на јули, преку мобилен телефон, испратил повеќе СМС пораки со лажна дојава дека биле поставени експлозивни средства на повеќе локации во Охрид. На З.И. од надлежен судија му е одредена мерка притвор, информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Потребна е добра велосипедска инфраструктура за поголема безбедност за велосипедистите

Post Views: 0 Како најдобро да се заштитиме себе си и другите кои користат алтернативни форми на мобилност, беше синоќешната тема на едукативна трибина за младите, организирана од Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот. На трибината стана збор за тоа како зголеменото користење на алтернативните форми на мобилност, велосипеди, ролери, или пешачењето, можат да придонесат до намалување на ризиците во сообраќајот. Љупчо Ставрески претставникот на Републичкиот совет за безбедност појасна што прави Републичкиот Совет во таа насока. „Се додека не се сменат неколку фактори, едниот...

Continue reading

Се реновира училиштето во Оровник, Дебрца

Post Views: 1   Започна комплетна реконструкција на подрачното училиште во село Оровник, охридско. Овој стар објект не е реновиран уште од 1954 година откако е изграден. Со средства во висина од 1 100 000 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, односно од Југозападниот плански регион ќе се реализира првата фаза, од овој проект, открива, првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски. „Ќе биде реконструиран подот, односно ќе бидат сменети старите дотраени даски со бетонирање на подот, потоа ќе се постави ламинат а ќе се постават и ќерамички плочки. Во таа фаза влегува и...

Continue reading

strategija turizam

За месец дена Охрид ќе ја добие финалната верзија од стратегијата за развој на туризмот

Post Views: 5 Завршена работната верзија на стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот 2016-2020 година. Изминатиов период, локалната самоуправа во соработка со Swiss contact и ИМЕ програмата, како и сите чинители од областа на туризмот во градов, па и земјава работеа на подготовка на оваа стратегија за туризам по методологија препорачана од страна на Светската трговска организација и Европската комисија. Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој вели дека во наредниот период ќе се прават понатамошни анализи во однос на тоа дали треба нешто дополнително...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top