Се реновира училиштето во Оровник, Дебрца

Реконструкција, изградба на нови училишта се реални проекти за чија што реализација сериозно се зафати градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски. Во моментов се реконструира стариот објект во Оровник, а следува реконструкција или изградба на нов објект во село Лешани.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Започна комплетна реконструкција на подрачното училиште во село Оровник, охридско. Овој стар објект не е реновиран уште од 1954 година откако е изграден. Со средства во висина од 1 100 000 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој, односно од Југозападниот плански регион ќе се реализира првата фаза, од овој проект, открива, првиот човек на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

„Ќе биде реконструиран подот, односно ќе бидат сменети старите дотраени даски со бетонирање на подот, потоа ќе се постави ламинат а ќе се постават и ќерамички плочки. Во таа фаза влегува и промена на дограмата односно на прозорците со ПВЦ енерго ефикасни прозорци, исто така ќе бидат реновирани и санитарните јазли“.

Трајкоски информираше дека во наредната фаза ќе биде реновиран кровот на училиштето, со дополнителни 25 000 евра, со што ќе се комплетира целосното реновирање на стариот објект. 

Градоначалникот во својот мандат сериозно се зафати со подобрување на условите во подрачните училишта во Дебрца.

Во општина Дебрца кога дојдов јас се изгради првото монтажно училиште во село Волино, потоа го реновиравме училиштето во село Требеништа и сега во наредна фаза штом завршиме во село Оровник ќе се зафатиме со реновирање на училиштето во село Лешани кое што е во лоша состојба, се надевам дека во наредниов период ќе успееме да го реновираме и тоа или евентуално бидејќи работиме проект за изградба на ново училиште, доколку обезбедиме средства ќе изградиме ново училиште во Лешани“.

На подрачјето на општина Дебрца има 11 подрачни училишта. Во нив настава посетуваат 238 ученици.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top