Post Views: 5
Нови патики лизгалка, кукли и автомобили добија дечињата од градинката во село Лескоец. Тие со нескриена радост ги прифатија подароците и со една детска искреност се заблагодарија на овој убав гест.Овие подароци се обезбедени благодарение на група граѓани кои сакаа на ваков начин да им ги разубават велигденските празници на најмладите. Иницијаторот на оваа акција Горан Топалоски кажува дека нема некоја посебна причина зошто ја избрале токму градинката во Лескоец за да направат еден ваков гест, но додава дека во очи на големиот христијански празник Велигден сакале да...
Post Views: 8
Која е улогата на религијата во една мултиетничка средина? Каква е нејзината улога во ситуација на испливување на судир во општествената сфера, односно како различните религиски групи ја користат својата моќ во разгорување на конфликтот, или пак допринесуваат, преку моќта што ја поседуваат, за спогодба, соработка и мирно решавање на конфликтот? За овие, а и за многу други прашања кои се наметнуваат помеѓу граѓаните во една мултиетничка средина како што е Струга, се расправаше на првата од двете дебати, предвидени во рамките на проектот „Различноста мост, а не бариера“.
Проф....
Post Views: 1
На охридскиот плоштад кај Чинарот денес имаше весела, распеана и раздвижена атмосфера. Охридските занаетчии на штандови ги изложија своите рачни ракотворби, солени и слатки специјалитети и накит. На саемската манифестација со свои рачни изработки се приклучија основците, децата од градинката и од одделот за гастрономија при ФТУ. Саемската манифестација е под покровителство на Локалната самоуправа , а во организација на градски пазар и охридскиот Црвен крст.
„ Трета година по ред се организира велигденската саемска манифестација на плоштадот Крушевска Република...
Post Views: 1
Охридските советници на денешната 53 седница на Совет во три пакети изгласаа одлуки по вкупно 21 точка на дневен ред. Не беше прифатен предлогот на координаторот на советничката група на СДСМ Јован Стојаноски за дополнување на дневниот ред со 5 точки кои се однесуваа за извештаи по програмите. Според Стојаноски, тоа е флагрантен начин на прекршување на демократијата од страна на оние кои што сами се промовирале дека дават отчет пред граѓаните. Додаде дека сведоци биле на една класична неотчетност, бидејќи не им биле дадени доволен број податоци, како би можеле да извршат...
Post Views: 1
Општина Охрид ги известува жителите на улицата „Јане Сандански“ и сите граѓани дека утре, 27-ми јули 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, ќе биде воведена забрана за паркирање, поради изведување на градежни активности.
Од локалната самоуправа апелираат до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата и таа да биде слободна на двете коловозни ленти.
Post Views: 2
Во охридските месарници граѓаните купуваат јагнешко месо во зависност од длабочината на својот џеб. Цената на јагнешкото се движи од 300 до 320 денари, а тежината на јагнињата се од 8 до 12 килограми. Охриѓани потврдуваат дека на трпезата ќе ја задржат традицијата да има јагнешко печено месо. За цената, некои ќе речат дека е „солена“ ама ќе купат колку што можат, а други сметаат дека е на исто ниво како и лани.
Здравко Анѓелсоки од месарницата Бизер, месар со долгогодишно искуство, нагласува дека имаат доволни количини јагнешко. Граѓаните купуваат јагнешко кој како...
Post Views: 15
Се наближува големиот христијански празник Велигден. Овој празник верниците го слават со вапцувањето на црвено јајце, но и со посета на црквите каде што палат свеќи и се молат за здравје и бериќет на семејството. Во Православието зад светлоста на свеќата се крие длабока симболика. Во Охрид како духовен центар во минатото имало неколку семејства кои изработувале свеќи. Денес, во охридската чаршија помеѓу мноштвото современи дуќани, со децении опстојува и пркоси на новото време малото занаетчиско дуќанче на свеќарите Воислав и Павел Џамбазови, татко и син. Свеќарите...
Post Views: 3
Ангела Меркел пред неколку дена во парламентот најави состанок со грчкиот премиер Алексис Ципрас и рекла дека не треба да се очекува решение на проблемот на оваа средба.
Помеѓу двете земји јакне сѐ поголема напнатост бидејќи Германија е загрижена од можноста Грција да не ги испочитува своите досегашни обврски, а Грција пак од друга страна ја гледа Германија како главен заговорник за острите мерки на штедење.
Поради тоа, Ципрас би требало непопустливата Меркел да ја убеди на прифаќање на неговите реформски планови и репрограмирање на големите грчки долгови во склоп со...
Post Views: 0
Денот ќе биде претежно сончев. Сосема мало наоблачување локално се очекува попладне во западните и северните краишта.
Минималната температура низ поголем дел од котлините се спушти до вредности помеѓу -1°С и 3°С, а на повисоките места помеѓу -3°С и -1°С. Денот ќе биде релативно топол. Максималната температура ќе има вредности помеѓу 17°С и 20°С во котлините во западниот и северниот регион, а на југоисток околу 22°С.Минималната температура ќе се спушти до околу 1°С. Денот ќе биде генерално сончев, а максималната температура ќе достигне до околу 20°С.
Post Views: 1
По повод Мегународниот ден на мајката 15 Мај, Женски Центар „Бисера“ Охрид, објавува награден конкурс за литературни и ликовни детски творби на тема „МАЈКА“.
Конкурсот ке трае до 11 Мај 2016 год.
Литературните и ликовните детски творби треба да се достават во канцеларијата на Женски Центар „Бисера“ Охрид,која се наога на ул. Димитар Влахов Бр. 8 Охрид во време од 11 до 13 цасот секој работен ден.
Post Views: 1
Речиси секое домаќинство во државата има земено кредит или е во минус на кредитните картички. Македонците како и граѓаните од земјите на поранешна Југославија главно живеат на кредит, но последните бројки од Народната банка на Македонија се навистина загрижувачки. Според податоците на НБМ во државата има 526.479 активни кредитокорисници, од кои 489.585 се граѓани,10.232 се мали трговци и 26.662 се фирми. Тоа значи оти безмалку секое семејтво исплаќа кредит. Банките и штедилниците до јануари годинава издале кредити во вредност од 3,5 милијарди евра, од кои 1,41 милијарда...
Post Views: 2
Поради обемните градежни работи, минирање на земјиштетот заради изградба на тунелите, најзава за прекин на сообраќајот на патниот правец Охрид-Кичево.
Денес, (27.04.2016) патниот правец Кичево – Охрид, кај Пресека, ќе биде во прекин поради минирање, во интервали од 15 до 20 минути, во период од 13:00 до 15:00 часот.