Живеачка на кредит или живеачка во минус?

Осумдесет отсто од вработените во Македонија живеат од кредит.

logo
лого

Речиси секое домаќинство во државата има земено кредит или е во минус на кредитните картички. Македонците како и граѓаните од земјите на поранешна Југославија главно живеат на кредит, но последните бројки од Народната банка на Македонија се навистина загрижувачки. Според податоците на НБМ во државата има 526.479 активни кредитокорисници, од кои 489.585 се граѓани,10.232 се мали трговци и 26.662 се фирми. Тоа значи оти безмалку секое семејтво исплаќа кредит. Банките и штедилниците до јануари годинава издале кредити во вредност од 3,5 милијарди евра, од кои 1,41 милијарда евра се кредити за домаќинства, додека 2,11 милијарди евра се задолжиле компаниите. Математиката покажува дека секој Македонец должи по околу 1.766 евра, што во споредба со другите земји сѐ уште е ниско ниво на задолжување.

logoГраѓаните од банките најмногу бараат потрошувачки кредити и одобренија за минус на тековната состојба. Доколку се земе бројот на активното население, кој изнесува 940.000 лица, од кои вработени се 652.498, може да се каже дека околу 80 отсто од вработеното население живеат од кредит. Речиси секое домаќинство во Македонија има земено кредит или е во минус на кредитните картички. Овие податоци укажуваат на тоа дека во време кога просечната плата е околу 360 евра, а невработеноста достигнува 30,6 отсто Македонците се задолжуваат во банките со потрошувачки кредити за да располагаат со пари за храна и за сметки.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top