Post Views: 2
Шест дена не делат од започнувањето на големиот балкански Самит „Adventure next balkans“, кој ќе се одржи од 10 до 12 мај во Охрид. Во тој период доаѓа висока клиентела пред која треба да се претставиме во најдобро светло, но за жал затајува промоцијата од државата, односно од страна на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, велат организаторите на овој настан. Александар Јованоски од „кластерот Еден“ од Охрид, вели дека очекувале Агенцијата да изготви видео спот и голем број билборди, како јавноста би се информирала за овој несекојдневен настан од кој градот...
Post Views: 2
Капелата во Струга никако да профункционира. Очигледно низата проблеми кои се јавија во врска овој фамозен проект, не престануваат. Според најавите на директорот на ЈП „ Комунално“, Петко Кутаноски, таа требаше да биде ставена во употреба уште минатата 2010 година, а еве сеге одминува и првата половина на 2011. За капелата со свои забелешки излегоа струшките советници, во врска цените кои граѓаните треба да ги платат за таков вид услуга, поточно привремено одлагање на мртовци.
Кутаноски појаснува дека ценовникот веќе бил усвоен од страна на Советот на општината, па...
Post Views: 6
Тројца кандидати во трката за директорско место на Јавната научна установа Хидробиолошки завод од Охрид.
Со завршувањето на конкурсот кој траеше до 7-ми април годинава, а по истекот на мандатот на претходната директорка на високата научна установа Ходробиоошки завод Охрид, Сузана Патчева, ТВМ ТелевиизијА неофицијално дознава дека за оваа висока позиција во игра се тројца кандидати. Едниот е Проф.д-р Талевски кој воедно е и раководител на одделот за краповидни риби при Хидробиолошкиот институт, потоа Д-р Елизабета Сарафилоска, вработена во институтот во одделот хемија,...
Post Views: 2
Не е вистина дека многу малку од луѓето во Брaзил се вакцинирани. Тоа може лесно да се провери на сајтот „Ourworldindata.org“, каде што може да се прочита дека повеќе од половина од населението на Бразил се вакцинирани, односно, администрирани се вкупно 297.960.460 дози вакцини. Целосно вакцинирана е 60 отсто од популацијата во оваа земја, а 76 отсто имаат примено прва доза вакцина против ковид-19.
Пост на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека во Бразил многу мал дел од луѓето биле вакцинирани против ковид-19. Ова не е точно.
Постот споделува видео од плажа во Бразил...
Post Views: 0
Се повикуваат граѓаните на Општина Охрид кои сметаат дека ниските температури кои ја зафатија Општина Охрид во периодот од 25.04.2016 до 27.04.2016 година им имаат нанесено материјална штета на нивните имоти и земјоделски насади, истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во периодот до 03.05.2016 година (вторник), заклучно со 11.05.2016 година (среда) во Општински услужен центар, во архива на Општина Охрид, или на телефонскиот број 046/230-175.
Лице за контакт од Општина...
Post Views: 10
Дејан Георгиевски се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио во таеквондо во категоријата над 80 килограми.
Нашиот натпреварувач во полуфиналето го совлада Кјо Дон Ин со 12-6.
Во финалето тој ќе се сретне со Владислав Ларин, кој во полуфиналето беше преубедлив против Кинезот Сун со 30-3.
Македонецот денеска го победи противникот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Гбане со 9-4. Тој претходно утринава, на стартот од турнирот, направи чудо совладувајќи го светскиот првак Алба Кастиљо со 11-8.
Post Views: 0
Изградбата на охридската поликлиника чека промена на ДУП, открива Цветко Грозданов, првиот човек на АДССДП од интерес на Р.Македонија. Според него засега се оди согласно планираното, но се јавил еден проблем, односно неопходноста од промена на постоечкиот ДУП. Како што првично беше најавено, таму требаше да никне голема зграда во форма на ГЕ како што е тоа зградата Кифла на Туристичка, која што ќе го зафати просторот од влезот на ОУ „Григор Прличев“, да врти према гимназија и да се спои со куќата во која живеат семејствата од социјално ранливите категории и во тој комплекс...
Post Views: 0
Со воден мост во форма на виножито, традиционална македонска закуска, како и торта за добредојде, утрово на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ беа дочекани првите 180 туристи кои пристигнаа од Амстердам со чартер-лет на компанијата Корендон.
Летово во Охрид, преку чартер-летовите на Корендон и Аркефлај кои почнуваат во мај и ќе траат до октомври, може да се очекуваат над 25.000 туристи од Холандија. Во овој период, од двете компании заедно, се очекува во Охрид да долетаат над 150 авиони полни со холандски туристи. Грдаоначалникот Никола Бакрачески најавува...
Post Views: 1
Airbus A320 со 142 патници и шест членови на екипажот се сруши во регионот Digne на југот од Франција, во алпското подрачје. Авионот е во сопственост на компанијата Germanwings, фирма сестра на Lufthansa, а летал на релација Barcelona – Dusseldorf и полетал во 9.55 часот.
Компанијата Germanwings досега немала пријавени несреќи, а просечната старост на нивните авиони е околу девет години, иако авионот на летот 4U9525 бил стар 24 години.
Кон местото на несреќата се упатија и германски експерти за воздухопловна безбедност.
Локални извори од француската полиција тврдат...
Post Views: 0
Астмата е сериозно здравствено заболување кое има тенденција на пораст и кај нас и во светот. Астмата се карактеризиа со стеснување на дишните патишта, а лековите кои се земаат го олеснуваат воспалителниот процес на дишните канали. Д-р Валентина Милошевска, специјалист интернист при ЈЗУ Општа болница – Охрид, од секојдневната пракса од нивниот центар за астма, укажува дека од астма се почесто на удар се жените, а има и повеќе прични за појава на ова заболување.
„ Во нашата установа е формиран центар за астма кој постои 10 години. Тука гравитраат заболените...
Post Views: 1
Охриѓани дисциплинирани за време велигденските и првомајските празници. Иако годинава предизвикот да се биде умерен и да не се претерува со храна и алкохол, бидејќи двата празници беа во ист ден, сепак дежурните служби и во здравството и во полицијата со многу малку настани во нивните дневни билтени. Посебно велигденските празници изминативе години се покажувале како време кога помалку се внимава на внесувањето на храна и пијалоци, а кое може да има последици ако се земе предвид и долгиот пост кој им претходи. Годинава сепак мирно, а најмалку работа во медицинските установи,...
Post Views: 3
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните локални избори освои најмногу гласови во 54 општини, коалицијата на СДСМ во 7, ДУИ во 11, ДПА, Српската напредна партија во Македонија, Националната демократска партија, Демократската партија на Турците и Сојузот на Ромите во по една, а во две општини победија независни кандидати.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на листите за советници освоила 403.193 гласа, а коалицијата „Сојуз за иднина“ на чело со СДСМ 288.415 гласа, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК).
На изборите...